логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 † СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА
НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА 

Возљубени празникољупци,Јас сум патот, вистината и животот,1 ни порачува Господ Исус Христос. Како христијани потребно е постојано да се трудиме да го здобиеме вечниот живот, чија основа е Христовата вистина. Столбот и тврдината на вистината е Црквата на живиот Бог,2 и неа вратите на пеколот нема да ја надвладеат.3 Суштината на Православната црква е во спасоносната вистина, а силата на Православието во чистотата на срцето во коешто Христос се огледува.


Таква била верата уште на првите христијани, а таква е и верата на православните Македонци низ вековите. Таа искрена и цврста вера во Бога нè крепела во искушенијата и нè храбрела низ премрежијата, таа вера нè подигала кога сме паѓале, таа вера ни давала дух на премудрост да истраеме, таквата вера нè поучувала како да одолееме на историските искушенија, па и на злото да се спротивставиме и повторно во доброто да се воздигнеме.

Македонскиот народ е меѓу оние народи кои долго се бореле и ја очекувале својата слобода. Долги биле ропствата и бројни столетијата во кои страдал нашиот народ под јаремот на туѓите владеења. Но Господ тоа го допуштил за да ги зацврсти трпението, меѓусебното единство, како и љубовта кон својот род, кон својата земја и кон Бога. Божјата промисла тоа го допуштила за нашиот народ – за да сведочи со своето смирение и трпение како се доаѓа до вечните вредности на вистината и мирот, на слободата и љубовта. Тежок и трнлив е патот на вистината, но не е непрооден. А Македонецот, со Божја помош, секогаш пронаоѓал начин како да го изоди, надевајќи се дека јаремот што му тежи, и жезолот што го поразува, и стапот на угнетувачот – Бог ќе ги порази, како што порачува големиот пророк.4 Верувал нашиот народ дека Бог го избира она што е слабо на овој свет, за да ги посрами силните.5

Македонија, нашата мила Татковина, низ историјата на народите некогаш била една од најславните земји. И не случајно, при појавата на христијанството, во времето на светите апостоли, таа била местото од каде што е посеано првото евангелско семе во Европа.6 Во времето, пак, на светите браќа Кирил и Методиј Солунски и нивните свети ученици Климент и Наум Охридски, Македонија е катедрата од каде што се утврдувала христијанската вера, писменост и култура меѓу македонскиот и меѓу словенските народи. Да Му благодариме на Бога зашто живееме во земја осветена со верата Христова и облеана од крвта на многуте Христови маченици, светии и херојски жртви од борци и поборници за народната и духовната слобода. Затоа ние Македонците од Христа не можеме да се одречеме, зашто Тој ни е Животодателот и Патеводителот, а Македонија не можеме да ја обезимиме и промениме, зашто на нејзино тло живееме и од неа ги ползуваме сите Божји благодети. – Таа е местото што Бог го одредил за нас! Таа е нашето благословено пребивание за сите времиња, дадено за наше опстојување и спасение!Возљубени потомци на славните илинденци,Кој не се грижи за земната, тој не е достоен ни за небесната татковина! Нашите дедовци и прадедовци ја сакаа својата родна земја, ја бранеа и се бореа за неа, а многумина и животите си ги дадоа. Многупати Македонецот се оттргнувал од канџите на ропството и ѝ се радувал на слободата. Кога, пак, ќе потпаднел под нечие ропство, тој преку подвигот на покајанието и молитвата ја посакувал слободата. Живеел и умирал со надеж, верувајќи во слободна иднина и победа на Божјата вистина и правда.
Православието е вера исполнета со слобода во доброто, зашто каде што е Духот Господов, таму има слобода.7 Македонецот, иако честопати поробен, секогаш бил духовно силен и непобеден. Знаејќи дека само слободниот народ може вистински духовно, национално и економски да напредува, се дигал на вооружени борби и востанија за ослободување од ропствата. Најславно меѓу сите е Илинденското востание! Тоа било глас на македонскиот народ за своја слобода и правдина и за свое место меѓу слободните земји и народи. Тоа било наш глас дека постоиме, дека сме свои на своето, и дека и ние го заслужуваме она што им припаѓа на сите слободољубиви народи.

Победата никогаш не им припаѓа на оние коишто прават неправда, коишто посегнуваат по туѓа земја и слобода. Победата е секогаш со вистината, правдата и љубовта, а не со силата и насилството. Затоа, Илинден, обидот за наше конечно воскресение, е показател дека заслужуваме да бидеме слободни и обединети. Тоа е нашето наследство од татковците, кое не смееме да го заборавиме. Славното минато треба да ни биде патоказ и во сегашноста и во иднината! Идеалите на илинденците треба да бидат идеали за сите македонски генерации! Илинден треба секој Македонец да го носи во себе каде и да оди, каде и да живее! Илинден не завршил во 1903. година во Крушево и на Мечкин Камен, туку трае и ќе трае во секое време и на секое место, зашто секогаш, насекаде и отсекаде треба да се брани Татковината! Возљубени во Господа,Единството е услов да постои и да опстои еден народ, особено во овие времиња преполни со искушенија. Затоа, потребно е да имаме и богомислие и родољубие, па така единствени да се спротивставиме на сите непријатели и во слога и братољубие да ги решаваме сите проблеми. Ако се одродиме од Бога, ќе го изгубиме изворот на вистината, па ќе талкаме по беспатието на злото. Ако, пак, се одродиме од патриотската едномисленост и родољубие, ќе бидеме препуштени на разединетост и поделби, кои ќе нѐ однесат во длабока пропаст. Тешко им на оние кои злото го нарекуваат добро, а доброто зло; темнината ја сметаат за светлина, а светлината за темнина.8 Затоа, да се покаеме и да се измириме, и помеѓу себе и со Бога, па, очистени со благодатта Божја, да им се спротивставиме на сите меѓусебни поделби и несогласија. – Само сплотени и единствени, ќе можеме да им одолееме на искушенијата и да опстоиме како народ и држава!


Христијанската вера и Христовата љубов се длабоко вкоренети во личниот и семејниот живот на Македонецот. Затоа, како народ треба да Му благодариме на Бога за сите дарови со кои нѐ обдарил, и да бидеме свесни дека без Бога не можеме ништо да направиме.9 Да се молиме Семоќниот Бог да ни подари и во ова време цврстина во верата, како на светиот пророк Илија и на сите светии во Господа. Само така, со таква вера, смело, слободољубиво и братољубиво ќе го следиме примерот и ќе чекориме по патеките поставени од нашите великани и херои, илинденци, борци и бранители, паднати за слободата на нашиот народ и татковина.
Не случајно Илинденското востание е подигнато на денот кога Православната црква го празнува светиот пророк Илија, големиот старозаветен праведник и богоугодник, ревнител за Божјата вистина, но и борец за доброто и слободата. Тој е и пророкот кој ќе биде претеча при второто Христово доаѓање, кој повторно ќе се јави за да го разобличи антихристот10, за да ја објави вистината за доаѓањето на вистинскиот Спасител. Големината на свети пророк Илија не поминува во времето, ниту со времето – туку таков ќе остане во вечноста. Времето и просторот во кои тој живеел и делувал се дамнешни и далечни, но тоа не ја намалува неговата големина, слава и значење и за нашево време. Да се молиме на Бога, светиот пророк Илија да биде и наш молитвеник и застапник пред Божјиот престол.Возљубени чеда на нашата мајка - Светиклиментова црква,Македонската православна црква е заедно со народните празнувања на Илинден, зашто таа секогаш била со својот народ, а и тој со неа. На овој голем ден да си припомниме и за овогодишното наше духовно и сенародно одбележување на илјада и стогодишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски – патронот на нашата света Црква и заштитникот на македонскиот народ и земја. Неговиот пример нека биде наш идеал како се брани и Божјата и народната вистина, како се чува јазикот и писмото, како се знае и живее верата... Свети Климент бил и останува наш постојан пример за богољубие и човекољубие, за правдољубие и вистинољубие, за принципите коишто носат мир и љубов, и со Бога и со луѓето.
Чествувајќи го Илинден, и овде во Татковината и насекаде по светот, да си спомнеме за душите на сите знајни и незнајни загинати за духовна и национална слобода на македонскиот народ, за сите борци и бранители и за сите страдалници и жртви паднати за слобода на Македонија.
Нека им е вечен споменот! Нека ѝ е вечна слободата на Македонија! Честит Илинден! 

 

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
†С Т Е Ф А НЗаедно со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и
администратор Австралиско - новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски и
администратор Австралиско – сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско - канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско - гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско - осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски

 

Илинден, 2016 лето Господово

1Јн. 14, 6;
2 I Тим. 3, 15;
3 Мт. 16, 18;
4 Ис. 9, 4;
5 I Кор. 1, 27;
6 Дела 16, 9;
7 II Кор. 3, 17;
8 Ис. 5, 20;
9 Јн. 15, 5;
10 Мт. 11, 14 и 17, 11; Мк. 9, 12; Откр. 11;

Извор:МПЦ-ОА



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная