Во недела на 04. септември 2016 година, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан присуствуваше на Архиерејска литургија во Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“. На Литургијата чиноначалалствуваше деканот на Богословијата, Неговото високопреосвештенство Митрополитот повардарски г. Агатангел, кому му сослужуваа протопрезвитер Јован Кумевски и презвитер Дарко Милев, заедно со протоѓаконот Антонио Дујовски и ѓаконот Васил Ристевски. По Литургијата се одржа молитвен Призив на Светиот Дух по повод почеток на новата учебна година.
Извор: Скопска епархија