логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 jubmt2016 1

jubmt2016 2

jubmt2016 3

Црквата, според својата структура, е богочовечки организам, кој е складен само тогаш кога сите негови служби и дарови се во меѓусебна согласност. Затоа и апостолот Павле вели: „И не може окото да и рече на раката: Не си ми потребна, ниту, пак, главата на нозете: Не сте ми потребни... за да нема расправии во телото, а органите подеднакво да се грижат едни за други (1Кор. 12, 21-25). Единството на Црквата е евхаристиско, но и ерархиско. Затоа и светите отци кажуваат дека Црквата е единствена тогаш кога сите заедно, и епископите и свештениците и ѓаконите, заедно со верниот народ, се собрани заедно. И уште: следете го епископот како Христа, и не правете ништо без епископот, зашто тој е икона Христова, без кого или без чиј благослов, не може да се принесе вистински принос на Бога во Евхаристијата. Ете толку е голема улогата на епископите во Црквата. Ете сега ни станува јасно зошто Црквата толку многу внимавала и ги избирала за епископи само оние, кои од Бога биле предизбрани за оваа возвишена, но и тешка и одговорна служба.

jubmt2016 4

jubmt2016 5

jubmt2016 7

   jubmt2016 10


 Затоа и денеска, се собра целата Македонска православна црква, да го прослави тешкиот архиерејски крст на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој достојно и несебично го носи веќе 35 години на своите плеќи. Прославата на овој голем Јубилеј 65 години од раѓањето и 35 години архиерејско служење на Митрополитот Тимотеј во Македонската православна црква - Охридска архиепископија, започна ден претходно со свечена воскресна Вечерна богослужба, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Кирил Јованоски, Ромео Петрески, Сашо Ристески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски. 

 jubmt2016 11

jubmt2016 11

jubmt2016 13

 jubmt2016 14

jubmt2016 15

jubmt2016 17

Торжествата по повод овој голем Јубилеј продолжија на 06.11.2016 година, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, каде беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитите Петар, Наум, Агатангел, Пимен, Иларион, Јосиф и Јосиф, епископот Климент, архимандритите Нектариј и Партениј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески, Стевчо Тошевски, Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Васко Голабоски, Љупчо Симиџиески, Димче Азески, Владо Недески и Александар Матески, протоѓаконите Ратомир Грозданоски, Саше Ристов и Николче Ѓурѓиноски, ѓаконите Дејан Борисов, Сашо Целески, Васил Ристовски и Христијан Костоски и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Струмички г. Наум се обрати кон мноштвото верни и кон Митрополитот Тимотеј со свечено слово, кое подолу во целост ви го принесуваме.  Се разбира, тоа нема да е прослава на Владиката Тимотеј, доколку на таа прослава не биде и некој друг награден и пофален.

jubmt2016 8

jubmt2016 9

Денеска тоа беше протоерејот Димче Ѓорѓиески, кој по предлог на нашиот Митрополит Тимотеј, а со Одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, беше одликуван со носење граден крст и се здоби со чинот протоереј-ставрофор. Протоерејот Димче служи на нашата црква како парохиски свештеник веќе долги години, а за сите овие години има значителни успеси и постигнувања на сите парохии на кои служел. Отец Димче е заслужен е и за многуте залагања во враќањето на црковните имоти во нашата Епархија. Митрополитот Тимотеј го пофали и за неговата улога во градбата на повеќе конаци во Епархијата, а особено за неговиот подвиг за изградбата на новиот манастир „Св. Козма и Дамјан“ во с. Опеница, Охрид. Од името на Епархијата и на сите верници, му го честитаме овој голем чин на протоерејот Димче, со желба и Господ нашиот Бог да го награди за сите негови трудови и подвизи. Денешниот ден беше уште една потврда за доброто служење на Митрополитот Тимотеј, и за неговото постојано неуморно поучување на своето стадо. Имено, на овој голем Јубилеј, беа промовирани петте тома од книгата „Охридски источник“, кои претставуваат собрани беседи од Митрополитот Тимотеј, изговорени на многу празници, воскресни Литургии, осветувања, настани. Промотори на ова колосално дело беа Митрополитот Кумановско-осоговски д-р Јосиф и професор д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон. Двајцата беа согласни дека низ беседите провејува Евангелскиот дух, кој ги води верните на правиот пат на спасението. Искажани на разбирлив јазик, беседите на Митрополитот Тимотеј претставуваат духовна храна, од која мнозина се нахраниле. Промоторите искажаа и благодарност за неговиот труд, кој треба да биде пример за сите во Црквата.


 На крајот од овој голем ден, Митрополитот Тимотеј прими и пригодни подароци од своите браќа архиереи, од своите свештеници и монаси во Дебарско-кичевската епархија, од Комисијата за односи со верските заедници во РМ, како и од многу други негови почитувачи, пријатели и сотрудбеници. Од името на сето монаштво и свештенство, како и од името на сите верници од нашата Епархија, му го честитаме големиот Јубилеј на нашиот Владика, и се молиме на Семилостивиот Бог, Он да го обдари со здравје, долгоденственост, љубов и уште повеќе сила, та да може уште долги години да нѐ води на вистинскиот пат и да се моли за нас пред Престолот на нашиот Творец. На многаја лета Високопреосвештени Владико!    

Во продолжение, интегрално ви го пренесуваме словото на Митрополитот Струмички г. Наум.  

jubmt2016 18

Митрополит Струмички Наум  

Дедо Тимотеј

Насловот на мојата беседа е едноставен – „Дедо Тимотеј“. Таков наслов се користи кога човек говори за свој пријател, исто како и за некој што со својата човечност ги надминал рамките на формалноста, но и за некој што со својот духовен опит и мудрост ги опфатил димензиите на одандестраното, и затоа сите почнуваат да го чувствуваат како многу близок, како вистински во Христос брат, па дури и како духовен отец. Јас, и сите ние овде собрани, именувањето „Дедо Тимотеј“ го користиме и разбираме и во првите две, но најмногу во последнава наведена смисла.

Сите во својот живот правиме грешки, така и Дедо Тимотеј, и сите имаме свое покајание – па така и тој. Но, никој не знае ништо за внатрешното покајание на другиот – така и ние за неговото; тоа само Бог го знае. Никој од нас не е сам по себе совршен; совршен е само единиот Бог во Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Но, нам толку и не ни треба некој совршен човек, туку токму ваквиот и овој, наш Дедо Тимотеј – како конкретна историска личност. Совршенството на нас, несовршените, ни го обезбедува самата Црква, која е Тело Христово и чија Глава е Христос, и која, користејќи ги нашите таленти и способности, прави да си ги надополнуваме недостатоците еден на друг и да функционираме како еден совршен и свет Богочовечки организам преку кој се совршува Тајната на спасението на светот.

Токму според овие таленти, како што спомнав, кои Богочовекот Христос совршено ги всадил и однапред ги видел како ќе се развиваат во него уште од неговата младост, но кои и ние, колку што ни дал Он, можеме да ги видиме кај Дедо Тимотеј, преточени во неговите дела, токму според нив, велам, ќе биде нашата благодарност до него, за што и се собравме денес овде. И, сега, кога само општо ќе ги набројам неговите дела, ќе видите дека се многу, а камоли, пак, подробно да почнам да говорам за нив. А едно сигурно знаеме – верата без дела е мртва. А сите негови видливи дела, пред сѐ, тајно се измолени од Бог. Друг начин и нема.

Првата генерација наши епископи учествуваше во долгоочекуваното возобновување на Охридската Архиепископија, која поради посебните пастирски потреби дејствуваше во Федеративна Република Македонија како Македонска Православна Црква. Освен Кирил и Доситеј, кои беа монаси, другите епископи: Климент, Методиј и Наум, беа тоа што македонскиот православен народ во тој момент можеше да Му го принесе на Бог, и на сите нив многу сме им благодарни. Без нивната саможртва во 1967 година не верувам дека ние денес ќе ги уживавме плодовите на фактичкиот автокефален живот.

Дедо Тимотеј ѝ припаѓа на втората генерација епископи, која требаше да го организира црковниот живот од речиси ништо и на таа автокефалност да ѝ даде спасителна пастирска содржина и ефикасност. Нивниот подвиг, во тој поглед, беше пионерски, а посебно неговиот. Зошто велам посебно неговиот? Еве зошто:

Ако говориме за црковни градби и црковни храмови, а посебно за манастири – што е за Црквата најважно, со Дедо Тимотеј ниту еден епископ не може да се спореди. Ќе ги спомнам само „Свети Климент“ на Плаошник заедно со возобновениот Светиклиментов универзитет, манастирот „Свети Наум Охридски“ – за кој, и покрај сите претрпени критики, на крај го заврши како комплетен манастирски комплекс, кој блесна во целиот свој сјај, манастирот „Света Богородица – Пречиста“, а посебна приказна се манастирите „Свети Јован Бигорски“ и „Свети Георгиј“ – Рајчица. Има уште многу други црковни градби, храмови и манастири, но мислам дека доволни се тие што ги нагласив. Тоа што сакам да го истакнам, во оваа прилика, е неговата храброст во борбата за црковниот имот до судир и со самите световни, и домашни и странски власти – за коешто мене лично ми е страв и поконкретно да говорам, а камоли да го направам истото. Дедо Тимотеј е бескомпромисен борец за она во што верува, за Божјата правда и вистина, и не се плаши од оние што само на телото можат да му наштетат, но не и на душата.

Организираноста на свештенството во Дебарско-кичевската епархија е навистина на завидно ниво. Тоа што мене лично ме воодушевува е кога гледам како сите, на чело со Дедо Тимотеј, живеат како едно семејство. Очебијно е дека тој посебно внимание и труд му посветува на своето свештенство, со кое конкретно се дружи и на татковска основа, и на основа на организирање семинари за нивно дообучување и восовршување; и што е најбитно, со кое заедничари во светите Литургии. Посебно треба да се потенцира, кога е во прашање Дедо Тимотеј, неговото лично и материјално вложување во академското образование на своите свештеници, од кои утре се очекува да бидат носечките кадри во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“, како и на истоимениот Богословски факултет, од кои некои веќе и се. Тој е вистински татко на своето свештенство, кое со него соработува не од страв, туку од љубов.

Ако говориме за преведувачко-издавачката дејност, тука само еден епископ донекаде може да му парира. Но, ако ја спомнеме и културно-научната и просветната дејност, како што се разните научни симпозиуми, организирани во годините наназад, како и неговите лични книжевни дела – аскетско-етички есеи и толкувања на Новиот Завет, издадени во шест тома, веќе ниту еден епископ на МПЦ-ОА не може да се спореди со Дедо Тимотеј.

Она што, пак, посебно ме восхитува кај личноста на Дедо Тимотеј е неговото чувство за монаштвото. Тој има такво чувство за развој на монашкиот живот како многу години да поминал во манастир. Тоа чувство се состои во татковската грижа за монаштвото, а посебно во духовната слобода што му ја дава. Без тоа, од Бог вдахновено чувство, ние денес ќе ги немавме двата општожителни манастирски бисери – Бигорската света обител и светото сестринство од Рајчица, најголемите украси на МПЦ-ОА. Сите ние за ова негово дело посебно му благодариме.


Со сите овие дела Дедо Тимотеј ја врати во полн сјај славата на некогашната трета по ранг Црква во христијанската икумена – Јустинијана Прима, основата на денешната Охридска Архиепископија. Дедо Тимотеј најпластично ни покажа дека лидерството во Црквата не е само позиција и титула, туку дека тоа е, пред сѐ, акција и личен пример; ни покажа како во подвигот да се сочува полнотата на Црквата и чистотата на верата, како човек духовно расте и созрева, и ни покажа дека ниту една добродетел, како и црковна цел, не се достигнува преку ноќ, туку со многу труд, трпение и саможртва.

Ако помисливте дека ова е сѐ, не е.


Дедо Тимотеј е најистакнат и најреспектабилен член на нашата црковна комисија за дијалог со останатите помесни Православни Цркви, а посебно со СПЦ, не само меѓу нас, туку како таков важи и меѓу епископите на другите сестрински Цркви. Човек без кого нашето отворено црковно прашање во овој историски период не ни може да се реши, и човек во чија дипломатско-црковна мудрост и чувство за црковна соборност – од една страна, и во чие чувство за достоинство, пастирска одговорност и црковен интегритет – од друга страна, јас лично, но и сите епископи и верниот народ на МПЦ-ОА, ја полагаме својата надеж.


Што се однесува до нашиот црковно-внатрешен, а посебно синодски живот и работење, во една реченица: со Дедо Тимотеј секогаш знаеш на што си. Не можам да ви опишам каков дар е оваа негова искреност за Црквата, и не може човек да не го почитува тоа, без оглед дали секогаш се согласува со неговиот став.


Но, каква е поточно неговата улога во нашиот соборен, синодски, црковен живот и соработка? Тука веќе не знам што попрво да истакнам и со кои зборови да го искажам мојот восхит. Дедо Тимотеј е, долго време беше, и очекувам и верувам дека уште долго време ќе биде главниот мост помеѓу помладите генерации епископи – од една страна, и постарите – од друга страна. Помеѓу едните, кои се малку нестрпливи и сакаат проблемите веднаш да се разрешат, и другите, кои по малку го губат здивот зад новите предизвици на современието и новиот начин на живот – предизвици што бараат нови, осмислени и брзи одговори. Затоа, тој е еден своевиден центар и чувар на единството во САС на МПЦ-ОА во сите такви клучни моменти. Секогаш кога првиот по чест центар на нашето единство поради разни притисоци и грижи, кои како човек го преоптоваруваат, разбирливо ќе се поколеба или затаи, веднаш се активира Дедо Тимотеј како привремена замена и сите проблеми во Црквата на најдобар можен начин се разрешуваат. Верувам дека и самиот Архиепископ знае каква потпора е Дедо Тимотеј за него и верувам дека знае тоа да го цени.

 
Знаете ли дека таа негова улога е најважната улога што во еден Синод епископот може да ја има? Знаете ли колкав црковен и животен опит зад ова мора да стои? Знаете ли какво расудување за успешно извршување на оваа задача е потребно – да се препознае вистинското време кога да се смири човек и да премолчи, а кога одлучно да пресече и да понуди решение? Знаете ли какво изострено чувство за Божја правда е потребно, за тоа каде Светиот Дух Господ во конкретен случај дише? Знаете ли колку понижување и смирение за ова човек треба да претрпи? Знаете ли низ кој ритам на градење личносни односи треба да се помине за тоа достоинство меѓу другите да се стекне? Знаете ли колку љубов за МПЦ-ОА за ова треба да се има? Знаете ли дека сето ова не може да се помине и без штета по сопственото здравје? Ако доловите само малку од сето ова што го говорам, тогаш веднаш ќе ви стане јасна големината на личноста и делото на Дедо Тимотеј. Тој за нас, за МПЦ-ОА, е вистински дар Божји!

Дедо Тимотеј, ми беше посебна чест и радост да ја направам оваа кратка рекапитулација на Вашиот 35-годишен епископски труд. Се чувствувам мал и недостоен за Вашата доверба јас да го направам ова скромно изложување, скромно во споредба со Вашето дело и Вашата жртва за нашата автокефална МПЦ-ОА, но го направив од синовска послушност кон Вас. Бидете ни жив и здрав уште многу години! Вие сте за сите нас, што Ве љубиме и разбираме, нашиот Ангел Чувар. На многаја лета, Високопреосветен Владико Свет! 

 06.11.2016 година

храм „Св. Софија“ Охрид

jubmt2016 19

 jubmt2016 20

 jubmt2016 21

jubmt2016 22

jubmt2016 23

 jubmt2016 24

jubmt2016 25

jubmt2016 26

jubmt2016 27

 jubmt2016 28

jubmt2016 29

jubmt2016 30

jubmt2016 31

jubmt2016 32

Извор: Дебарско- кичевска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная