логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Sample Image


Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати реиздание на книгата „Старец Пајсиј Светогорец“. Ова издание на издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ го преведе протоереј Миле Штрбевски. Ова второ издание на книгата е поради големиот интерес на нашата читателската публика, која во изминатите години со несмален интензитет пројавуваше интерес за ова дело, покрај многубројните други наслови кои ги издадовме. Во книгата се опишани голем број на моменти од животот на старец Пајсиј, како и неговите пастирски поуки.


Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.Во прилог можете да го прочитате и предговорот на оваа книга.

Светата православна црква е болница, во која се лечиме сите од нашите страсти и гревови, но истовремено таа е и фабрика за светители. Според континуитетот и бројот на „произведени“ светители се гледа колку е жива, развиена и здрава една црква. Светоста не е одредена само за монасите или свештенослужителите, туку секој од нас е повикан кон светост, или поточно, кон единство со Бога и со ближните, од кое произлегува и светоста. Колку повеќе човек со соединува со Христа, колку повеќе Му се посветува и Му се предава, толку повеќе станува сличен на Христос.Светителите не се некакви измислени ликови, кои ги гледаме насликани на ѕидовите во црквите, туку светителите се реални и историски личности, кои секогаш постојат во секоја црква, а ние не ги гледаме затоа што не ги ни бараме. Сме навикнале, кога одиме во црква или во некој манастир, постојано да бараме некакви грешки, гревови, осудувањето ни е речиси секојдневие, дури не ни забележуваме дека клеветиме и осудуваме, кога без испитување раскажуваме приказни за нашите монаси и свештенослужители. Сѐ додека живееме со такво внатрешно расположение, сѐ дотогаш светителите ќе бидат далеку од нашите очи, затоа што не сме оставиле за нив простор во нашите срца. Со такво расположение не можеме да очекуваме дека Бог ќе ги услиши нашите молитви, кога се молиме за нешто. Напразно чекаме домашна слава, чекаме од нашиот светител заштитник да ни помогне, додека истовремено го исмеваме или осудуваме свештеникот кој го гледаме секој ден. А токму целта на прославување на домашна слава е тоа, да се угледаме на нашиот светител-закрилник, и да го следиме неговиот свет живот.
Читајќи ги житијата и делата на нашите светители, особено на современите, можеме многу да научиме за Бог, за верата, за Црквата, но и за себе. Огромно богатство се крие во нивните житија, од кое можеме да извлечеме поуки и решенија за безброј наши дилеми и проблеми. Еден од тие современи светители е и старецот Пајсиј Светогорец, кој на почетокот од 2015 година, официјално беше вброен во диптихот на светители на Православната црква, од страна на Цариградската патријаршија, со што му беше одреден датум во кој ќе се слави неговиот празник, беше објавена служба, житие и икони за негово почитување. Неговите поуки се исполнети со многу радост, со живост, која ја добивал од благодатта на Светиот Дух, кој го оживува секое создание. Кога ги читаме неговите поуки и примери, често пати ќе се смееме, ќе ни се радува срцето од неговите благодатни зборови, но често и ќе си ги увидуваме грешките, преку неговите разобличувачки зборови.


Новопрославените светители Пајсиј и Порфириј денес се можеби најпочитувани во целиот православен свет. Во сите Помесни цркви се преведуваат нивните житија и поуки, за да можат сите православни народи да се радуваат на ова големо и бесценето богатство. Имајќи ја предвид нивната духовна величина, еднаш веќе го објавивме неговото житие, а сега, еве веќе вторпат се појави потреба од ново издание. Голема радост за нас е фактот што нашиот народ повторно се враќа на културата на читање, иако сѐ уште не сме на некое високо ниво.


Издавањето на оваа книга нека ни биде поттик за повеќе да читаме, а уште повеќе да ги практикуваме поуките и примерите од светиот Пајсиј Светогорец. Сега веќе може да бараме од него, тој да се моли на Бога за нас, да нѐ раководи во духовниот живот, да ни помага во нашето црквување или монахување. По неговите свети молитви, Бог да ни ја зацврсти верата, и да нѐ удостои за Царството Небесно, каде што нѐ очекуваат сите светители, меѓу кои и самиот свети Пајсиј, каде што заедно ќе се радуваме и ќе Го славиме Бога во вечни векови. Амин!

Митрополит Повардарски г. Агатангел

 

Извор:Повардарска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

30/01/2025 - четврток

+Преподобен Антониј Велики; Светиот цар Теодосиј Велики; Светиот маченик Георгиј Нов Јанински;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная