Скопје, 7- ти јануари 2017год.- храм на свети Стефан (населба Аеродром)
Во Неделата на светите Отци, кога Македонската православна црква, молитвено го прославува споменот на РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИК, во храмот на свети Стефан во скопската населба Аеродром, презвитер доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургијата, по читањето на Евангелието на денот, отецот го протолкува значењето на денешниот пазник.
Тoлкава e милoста Бoжја и тoлкавo e чoвeчкoтo дoстoинствo, штo самиoт Бoг Син сe спуштил oд вeчнoста вo врeмeтo, oд нeбoтo на зeмјата, oд прeстoлoт на славата вo пeштeрата на пастиритe, самo да ги спаси луѓeтo, oд грeвoт да ги oчисти и вo Рајoт да ги пoврати. Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e eдна тeмна пeштeра, штo самo eдинствeнo Oн мoжe да ја oсвeтли. Вo Витлeeм сe рoдил Гoспoд, а Витлeeм значи дoм на лeбoт, за да пoкажe дeка Oн e eдинствeниoт лeб на живoтoт, дoстoeн за вистинскитe луѓe.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Vlado Risteski 2015-04-21 13:37
Teshka za lecenje e nasata parazitska smrtna bolest. Nedela nautro, nasiot Gospod se dava sebesi, a nie optegnati po krevetite vo domovite svoi, ignorirajki ja sopstvenata gnojna rana. Jeziva mislovna slika. lesno e na polnokj da se reche Hristos Voskrese, no kade si vo Nedelite nautro coveku. Da ne se zalazhuvame, mozebi po malku se podrazbuduvame, no seuste dlaboko sme vo teska agonija. A ete go i ponedelnikot, i na prv pogled mislish lugjevo polni zdravje i raboten elan. Malo morgen! Site nie imame izostanoci, koj edinstveno se opravduvaat pred putirot vo Nedelnoto utro. Proshtevajte. Hristos Voskrese! :zzz