Празникот на Христовото рождество е празник на радоста, на мирот и на љубовта. Доаѓањето на Бога на земјата донесе радост, зашто Бог е радост. Затоа богољубивите луѓе секогаш се радосни, и тие ќе го наследат Царството небесно.[4] „Радоста е пропаст за тагата, поткрепа во неволите, утеха во молитвата, олеснување на болката, сокровиште на надежта, храна на подвижниците, извор на љубовта и сопатник на трпението”, пишува свети Нил Синајски.
Затоа, ако сакаме да имаме мир и љубов, треба да започнеме од радоста, и тоа токму од празникот на Христовото рождество. Секое раѓање е нов живот, нова радост, а раѓањето на Богомладенецот е најголема радост, радост за сите луѓе и за сите времиња. „Со воплотувањето и рождеството на Месијата Христос, на светот му се дарувани вселенска радост и мир”, вели свети Григориј Палама.
(Од Божиќното послание л.г. 2017)