На 08.јануари 2016 година, кога Црквата го прославува соборниот празник на Пресвета Богородица, како и светиот Никодим Тисмански, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан принесе света евхаристиска жртва во црквата Рождество на Пресвета Богородица, општина Центар. На Литургијата со радосното бреме на ѓаконското служење беше удостоен г. Антонио Апостолоски, магистар по богословие од Московската Духовна Академија и професор во Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“.
Извор: Скопска епархија