6.01.2017.
Во пресрет на празнувањето на Христовото раѓање, Митрополитот Повардарски г. Агатангел доби срдечен поздрав и благодарност од Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил, за преводот и издавањето на книгата посветена на руското царско семејство Романови „Љубовта е посилна од смртта“, на македонски јазик. Од името на Патријархот Кирил, благодарницата ја испрати Митрополитот Волоколамски г. Иларион, претседател на одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија. Инаку оваа книга ја издадовме во октомври 2015 година, а преводот на оваа книга го направи свештеникот Борислав Бобевски.
До Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел!Ваше Високопреосвештенство!Со благослов на Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија, г. Кирил, Ви ја пренесувам благодарноста од Поглаварот на Руската Православна Црква за примерокот од книгата „Романови - Љубовта е посилна од смртта“, која Вие му ја подаривте на Неговата Светост, а исто така за топлите зборови од вас, кои беа напишани во дарствениот натпис.
Ви посакувам мир и крепко здравје во иднина.
Со љубов во Господа,
Претседател на Одделот за надворешни црковни врскина Московската Патријаршија,
Митрополит Волоколамски Иларион
Извор: Повардарска епархија