логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba

Молитва за цел свет (05.09.2020 15:38)

3.angeli.so.truba

Еднаш порано ви реков: доколку веруваме и знаеме дека ние сме никој и немаме ништо, а дека Господ Исус Христос ни е сѐ – и што сме и што имаме, тогаш свесноста за оваа наша состојба ја покажуваме единствено со подвигот на постојано собирање и држење на умот во зборовите на молитвата, односно со концентрација на Неговото име во молитвата.

Нема друг начин, освен овој молитвен подвиг, да покажеме дека сме свесни дека Господ Христос ни е сѐ – и покајание, и сострадална болка, и божествена љубов при молитвата, а дека ние немаме ништо и сме ништо. Плод на собраноста на умот во молитвата, со таа свесност, е дарот на солзите.

Што точно значи ова што ви го кажав, само молитвата може да ви покаже.

Затоа и свети Григориј Палама нѐ поттикнува во подвигот на молитвата како единствен учител на молитвата. Колку сме никој и ништо, можеме да видиме само молитвено стоејќи пред Богочовекот Исус Христос и Неговата Мајка. Исто така, ќе дознаеме и колку сме љубени...

Но, тоа не е доволно. За молитвата да биде, колку што може, посовршена, таа не смее да биде кажувана само за себе, туку треба да го опфати целиот свет – секој човек; и од сегашноста, и од минатото, и од иднината. Всушност, ние не треба никогаш нешто посебно да се молиме за нас, освен за покајание, иако самиот начин на молитва за целиот свет е покајание на дело.

Затоа уште и ви објаснив дека еден и единствен лек против пасивната социопатија – оваа модерна пандемија, е молитвата за целиот свет. Времето е такво што сите треба да се префрлиме на постојана молитва за цел свет, и тоа треба да ни биде единствената идеја секогаш кога ќе застанеме на молитва. Само тогаш нашата молитва ќе добие потполна сериозност и покајание. Само таква молитва Бог слуша. Само на тој начин ќе развиеме лична сострадалност.

Кога застануваме на молитва со свесноста дека Христос ни е покајание и сѐ, тогаш сериозноста и покајанието произлегуваат од таа свесност, а кога се молиме за целиот свет, а посебно за оние кои конкретно страдаат, тогаш сериозноста, покајанието и концентрацијата ни доаѓаат, покрај од Богочовекот Христос, и некако природно, од нашата човечност – што е најдобра комбинација.

Со ваквиот начин на молитва ние ги восогласуваме Божјиот и нашиот поглед на светот; ја градиме нашата лично-соборна свест. Значи, секогаш кога се молиме, треба да се молиме за сите луѓе – посебно за непријателите, и за целиот свет, и за нивно спасение, зашто Му се молиме на Оној Кој ги создал и Кој промислува за секој човек и за целиот свет. Нашата молитва, во тие мигови, се восогласува со Неговата промисла и со Христовиот Домострој за спасение на секој човек и на целиот свет („Оче, прости им, не знаат што прават“). Но, нашата молитва се восогласува и со дејството на Божјата несоздадена благодат; и со молитвата на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија; и со неискажливите воздишки на Светиот Дух во нашето срце – Ава, Оче! – за целата твар (Гал. 4, 6). Плод на ваквата молитва е дарот на солзите за целиот свет.

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во Бог, тогаш молитвата, проземена од Духот, се кажува во покајание; и го чисти, го отвора и духовно го проширува нашето срце. Молитвата за целиот свет исцелува, и нас и сите луѓе. И обратно, ако цел на молитвата сме самите ние и нашите потреби, тогаш молитвата на почетокот се кажува со распалена крв, потоа механички, и на крајот згаснува – откако ќе остане без одговор.  

Кога нашиот поглед и животен подвиг ќе ги восогласиме со Божјиот поглед и Домострој – со крсната жртва на Неговиот Единороден Син, тогаш ќе влеземе во Духот – на молитвата „Оче наш“, во просторите на Царството, внатре во нас, и ќе го добиеме дарот на умно-срдечната молитва.

И еден практичен совет: покрај тоа што секогаш кога ќе се молиме, ќе се молиме за доброто и за спасението на целиот свет, и секогаш кога ќе чуеме некоја вест за некое зло и нечие страдање, секогаш таа информација треба да ја примиме, правилно обработиме (јас сум виновен за сѐ) и испратиме со молитва за добро, Божја утеха и исцелување на конкретните страдалници. Се подразбира дека ваквиот начин на молитва треба да е поддржан и со конкретно помагање на дело – според силите. А за редовно учество во Светите Тајни на Црквата и да не зборуваме.

Пресвета Богородице, спаси нас!

3.angeli.so.truba

Митрополит Струмички Наум

 Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7321

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная