логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

18 февруари/3 март 2017 лето Господово

11.jpg

 

Радуј се, Ти, која го просветуваш умот на верните; Радуј се, Божјо благоволение кон смртните; Радуј се, за смртните смелост пред Бога; Радуј се, рано најстрашна за демоните, Радуј се Невесто неневесна!

01.jpg

02.jpg

 

 

Безброј се причините поради кои светата Црква Христова непрестајно ја воспева, слави и ѝ благодари на Мајката на нашиот Бог, но овие особено благодатни и боговдахновени пофалби кон Пресвета Богородица изникнале од едно чудесно сведоштво за нејзината небесна помош и будна мајчинска грижа, со која во последен миг беше спасена царската престолнина, богочуваниот град Константинопол. Оти во тешките години на варварски нашествија во VII век градот, немилосрдно нападнат и сардисан од две непријателски војски, беше на работ на    погибел, а помош од никаде: царската војска беше веќе далеку и војуваше со персискиот цар Хозрој. Оставен на себе, и  притеснет од оваа страшна неволја, благоверниот народ цариградски со молба и нескриена надеж го упати погледот кон својата единствена помошничка и чуварка, а просветлениот Патријарх Сергеј во свечена литија го осени градот со неракотворниот Богородичен образ „Одигитрија“ и со крајот на нејзината света риза ги допре морските води. Во тој миг небесната Владичица со својата сила ги раздвижи водите, ги потопи непријателските бродови и внесе страв и смут кај многубројните војски. Така, со нејзиното моќно посредништво градот Божји беше спасен, а народот во умиление од своите благодарни срца вакво сеноќно пофално пеење ѝ принесе, и ни ги остави во завештание овие прекрасни стихови што во петоците на Великиот пост молитвено се вознесуваат.

12.jpg


И никогаш толку како сега не ни биле потребни овие силни молитвени воздишки кон Богомајката, бидејќи и сега, како тогаш, опасноста надвиснува над нашите глави и ние немаме никој друг што би нѐ спасил, освен онаа која некогаш мајчински ги заштити од опасност своите верни деца и го запази од пропаст Константинопол. Затоа со таков молитвен жар браќата и сестрите на нашите манастири ги пееја пофалните восклици на Акатистната химна, чувствувајќи ги како небаре излеани од нивните сопствени срца. Знаеја тие добро дека небесната Застапничка нема да ги презре молбите на срцата во неволја, кои со скрушена болка, но и незгасната надеж ги упатуваат своите молитви кон неа, горејќи од копнеж таа да го слушне нивниот крик и да ги вразуми македонските водачи, та тие да ги заборават своите лични интереси и да си ја сочуваат Татковината која ни е скапоцен дар од Бога, даруван поради љубовта, надежта и пожртвуваноста на нашите предци. Но нашите молитви не се доволни во овој миг, потребно е сите ние како народ да Му докажеме на Бога дека навистина ја сакаме својата земја. Затоа, апелираме до сите оние во чиишто раце денес се наоѓа судбината на оваа земја, да направат сѐ што е според нивните сили непријателството и омразата да се оддалечат, да преовладее благоразумието и братољубието, и така да се скршат сите непријателски планови за разнебитување на овој свет удел на нашите предци. Апелираме до сите граѓани на оваа наша заедничка Татковина, која во себе ги соединува и православните и иноверните и која е унитарна држава на разни националности, да не бидеме алчни и да не ја градиме среќата на сметка на Државата, бидејќи оваа наша убава земја на сите им дава права и на сите им овозможува достојно да го живеат својот живот.

05.jpg

Возљубени наши браќа, ние немаме друга земја, освен оваа што сме ја добиле незаслужено и на дар, и можеби затоа не ја цениме доволно. За жал, како и обично, вредноста на она што го имаме ни се открива кога веќе е доцна. Но еве сѐ уште сме во единаесеттиот час, започна благопријатното време на постот и Господ го чека нашето обраќање и покајание, за да нѐ поштеди од страшната гибел. Да се обратиме сега, во овој миг, и да Му ги принесеме нашите плодови на покајанието, нашето благочестие, верност кон идеалите, нашето братољубие по кое ќе нѐ познаат дека сме Христови. Да си ја спасиме Државата и да ја зачуваме неподелена за нашите потомци. А Милостивиот Господ кога ќе ја види нашата сплотеност во љубовта и верноста кон Татковината, ќе ги отстрани од нас сите искушенија и ќе го раскине синџирот на сите сплетки однадвор, со коишто сакаат да ни го одземат она најсветото што го имаме: единството, мирот, верата, слободата и љубовта.

10.jpg

14.jpg

15.jpg

16.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная