логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ново издание од Повардарската епархија

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел се подготви и се испечати книгата „Свети Пајсиј Величковски“. Оваа книга ја преведе свештеникот Игор Пармачки. Ова најново издание на издаваштвото на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ излезе од печат непосредно пред започнувањето на годинешниот Саем на книгата, така што сите оние кои сакаат да ја купат оваа книга можат да ја најдат на штандот на Македонската православна црква на Скопскиот саем или да го порачаат директно од Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

 

Од 04.04 до 10.04. 2017, во Скопје,  се одржува  29. Меѓународен саем на книгата. И оваа година, по пети пат, на него  учествува Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија со својата издавачка дејност. На  штандот се  изложени поголемиот дел од црковните изданија. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10:00 до 20:00 часот.


Денес, од богатата  издавачка дејност на Повардарска епархија, од нејзините  две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“, ви ја презентираме најновата книга „Свети Пајсиј Величковски“

 


Во прилог можете да го прочитате и предговорот на оваа книга.

Во секој период од историјата, кој е различен од претходниот, Бог повикува соодветни учители, проповедници, светители, кои живеат во тој конкретен период, го знаат духот на времето, го знаат товарот на народот, и токму таквите, како запалени светилници, како ѕвезди водилки, му даваат насока на народот, како во тоа време да Го најде и следи Христа, како да верува, и покрај сите модерни противречности. 
Една таква блескава ѕвезда заблеска и во Украина, во семејството на свештеникот Јован, во градот Полтава. Украина изобилува со свети луѓе, со свети обители и цркви, со многу нетлени мошти од светители, чии што молитви и поуки го формирале „умот Христов“ кај побожните Украинци. Најпобожни ученици во руските семинарии отсекогаш биле младите украински богослови.

Светиот Пајсиј е роден во таква духовна клима, а уште позначајно за неговиот иден призив е фактот што е роден во побожно свештеничко семејство, каде што уште од мали нозе се учел на пост, молитва, на стекнување добродетели. Во детска возраст почувствувал призив од Бога кон монашки живот, па заминал во Медведковскиот манастир, кој принудно го напуштил за само неколку години. Работел во печатниците на Киево-печерската лавра, три години поминал во манастирите во Влахија и Молдавија, а потоа во 1746 година заминал на Света Гора, каде што се учел на автентичен монашки живот и на Исусовата молитва. Таму бил ракоположен за јеромонах. Поради Руско-турската војна морал да се врати во Молдо-влахија каде што се обидел да го возобнови монашкиот живот. Поминал неколку манастири и на крајот останал во манастирот Њамц, каде што се зафатил со преведување на светоотечките дела од грчки јазик. Се упокоил во 1794 година.Светиот Пајсиј е еден од најзначајните обновители на духовниот живот во денешна Романија, а преку неговите духовни чеда и во Русија. Во неговиот живот превел многу значајни светоотечки дела, од кои најзначајно е Добротољубието, кое го превел од грчки јазик. Благодарение на неговиот превод на црковно-словенски јазик, денес сите словенски Цркви го имаат преведено ова капитално дело на свој јазик. Напишал и многу писма до разни личности, како и дело за Исусовата молитва. Во негово време бил возобновен духовниот живот во романските манастири, каде што монасите живееле под раководство на духовник – старец, се занимавале со Исусовата молитва и се причестувале редовно на Божествената литургија. Во својот живот Бог го удостоил да биде духовник на повеќе од илјада монаси, од разни националности, преку кои исихастичкото предание и автентичното старчество се проширило низ цела денешна Романија, Русија, како и на целиот Балкан.

Манастирот Њамц, е осветен од неговите свети подвизи, од неговото „пролевање на крв за да прими дух“, но и прославен е од неговите преводи и авторски дела, кои сведочат за величието на овој духовен горостас.Во манастирот сѐ уште постојат огромните повеќеспратни конаци, како сведоци за некогашниот жив монашки живот, со многу трудољубиви монаси, кои како духовни пчели собирале најубав и најчист нектар и на Бога му го принесувале како чист мед.

Од овие медоносни поуки се хранеле многу генерации христијани, а еве сега, преку овој превод на македонски јазик, и ние ќе можеме да се насладуваме и да се храниме од овој непресушен извор на вдахновение и поттик за духовен живот, за залет кон вечноста, каде што ќе се радуваме од заедницата со Бога, во друштво на ангелите и светителите. Амин!

Митрополит Повардарски+ Агатангел

 

Друго:

 

Ве известуваме дека во рамките на петтото учество на Македонската православна црква на годинешниот 29-ти МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 04. 04. 2017 година до 10. 04. 2017 година на Скопскиот саем,

Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од своите две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“.

Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“, а со секое купено издание на нашата издавачка дејност бесплатно ќе добиете и примерок од нашето најново издание „Како да се подготвиме за исповед“. Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 

Преминпортал (к.т.)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од...

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

« »

Православен календар

 

22/11/2025 -сабота

Св. мч-ци Онисифор и Порфириј; Преп.Јован Колов; +.Матрона Цариградска; Преп. Ефтимиј Дохијарски и неговиот ученик Неофит; Св. Симеон Метафраст; +Празник на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“; Преп. Теоктиста Пароска; Свети Нектариј Егински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2025

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2025

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 13 ноември/ 31 октомври  2025

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 13 ноември/ 31 октомври 2025

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 12 ноември/30 октомври   2025

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 12 ноември/30 октомври 2025

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная