Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово – Втор ден (17. 04. 2017 година), отслужи света Воскресенска Литургија во храмот посветен на „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово и на Своите верни чеда им го честита празникот над Празниците – Воскресението Христово.
На светата Воскресенска Литургија покрај многубројниот народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски.
Извор: Брегалничка епархија