Скопје, 30-ти април 2017 год.- храм на св. пророк Илија на празникот на Свети Акакиј
епископ Мелитински и Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски
Во третата недела на Воскресение,кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Свети Акакиј епископ Мелитински и Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, професор о. Јован Кумевски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа за жените мироносици.
Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји.- Старец Паисиј Светогорец
Преминпортал (к.т.)