На крајот од Фестивалот на Источно- црковно пеење, Mитрополитот Eвропски Пимен направи промоција на музичкиот компакт- диск со црковни химни “Статии на Велик Петок“
Почитувани присутни,
Денес имавме можност да ја проследиме смотрата на епархиските хорови во склоп на културно – историската манифестација ДЕНОВИ НА ЈУСТИНИЈАН ПРВИ. Откако ги проследивме настапите на епархиски хорови на МПЦ, ние, епархиите од дијаспората не можејќи активно да се вклучиме во смотрата ја користиме оваа можност да се претставиме ПЛЕЈБЕК.
Имено, Македонската православна епархија за Европа во соработка со Американско – канадската македонска православна епархија во пресрет на ПРАЗНИКОТ НАД ПРАЗНИЦИТЕ – ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО, издаде препев од Статиите на Велик Петок со музичко ЦД снимено со „Јустинијана Прима“, хорот при Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“.
Статиите на ВЕЛИК ПЕТОК се дел од црковното богослужение во Страсната седмица и со право може да се каже дека во нивната содржина се крие најтажната поезија во црковното песништво.
Но и покрај убавината на поезијата и пеењето на статиите, оваа служба се богослужи само еднаш во годината, па идејата за реализација на овој проект беше нашето старомакедонско црковно пеење да стигне до секој христијански дом, па верниот македонски народ, како во нашава земја така и во дијаспората, преку тоа да го научи и активно да се вклучи во богослужението на Велик Петок, па заедно со свештенството да му принесат оплакување на Христа.
Во оваа прилика сакаме да му искажеме благодарност на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско – канадски г.Методиј за соработката и препевот на статиите;
Како и на Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г.Агатангел, со чиј благослов хорот го започна снимањето на Компакт дискот;
Благодарност до господин Мите Димовски сопственик на студиото ТРА-ЛА-ЛА.
Како и до протопсалт Ѓорѓи Секулоски и поединечно до секој член на хорот „Јустинијана Прима“ кои безрезервно се вложија за реализација на овој проект.
Како и до сите Вас кои одвоивте време да ја посетите оваа културно историска манифестација.
Сега, Ве поканувам да ја ислушаме и ТРЕТАТА СТАТИЈА.
НА МОГАЈА ЛЕТА!!!
Реакции по повод Фестивалот
Фестивал на Источно-Црковно Пеење - Скопје
Во рамките на културно-историската манифестација „Денови на Јустинијан I", која се одржува трета година по ред во Скопје - родниот град на еден од најголемите императори во историјата на Византија, во саботата на 17 мај се одржа и Фестивал на Источно-Црковно Пеење. На фестивалот учествуваа хорови од речиси сите градови од Македонија, од сите епархии на МПЦ како и хорот „Јустинијана Прима" при Македонската Православна Богословија „Св. Климент Охридски". Овој хор кој работи под раководство на маестро Гоце Секуловски, проф. на катедрата по црковно пеење при МПБ успеа да ја освои публиката пред се со извонредната интерпретација на овие млади луѓе, која евидентно произлегува од нивниот активен заеднички живот во Црквата Божја.
Фестивалот се одвиваше под извонредна организација на ПРЕМИНПОРТАЛ заради кого манифестацијата имаше квалитативна промена во однос на минатите две години.
Овој преубав настан, особено важен за црковната јавност, и особено редок во однос на мотивот и посветеноста на организаторите, помина во сенка на забележителното отсуство на нашите црковни великодостојници со исклучок на митрополитот европски Пимен и мал број на свештенослужители.
Во завршниот дел од фестивалот митрополитот европски Пимен направи промоција на неодамна изадената книга и ЦД “Статии на Велик Петок“ при што јавно им се заблагодари на митрополитот американско-канадски Методиј за преводот и препевот на статиите, на издавачот, како и на хорот “Јустинијана Прима“ за прекрасната музичка изведба.
Известува: М. Златанова АКМПЕ
+++
Одбележани Јустенијановите денови
Со црковно пеење и читање присутните слушнаа за вредностите на православната вера
Со црковно пеење и предавања за времето на византискиот император Јустенијан Први во возобновената црква Пресвета Богородица во Скопје се одбележаа деновите на Јустенијан Први.
Во читањето пред присутните беше потенцирано дека ова не е само посветено на Јустенијановото раѓање, туку на времето кога вредностите на Православната вера беа високо ценети.
Настанот го одбележаа неколку хорови, високи црковни лица и професори од Факултетот за теологија.
Друго:
Посети:{moshits}