Во осмата недела по Пасха, кога се празнува Педесетницата, и кога Христовата црква молитвено се сеќава на слегувањето и примањето на Сесветиот Дух, кој ги ожитворува и облагодарува нашите души, во манастирот Св. Наум Охридски во населбата Радишани се отслужи Божествeна Литургија на коja, според древната пракса подготвените катихумени ги примаат светите Тајни Крштение и Миропомазание.
Свештенослужителот Кирил Фидански во сослужение на ѓаконот Игор Миланов го крсти и миропомаза чедото Божјо Адријан.
НА МНОГАЈА ЛЕТА!
„Во светата Црква сè е света тајна. Светотаинствениот живот во Црквата се одржува и извршува со благодатта на Светиот Дух.“
За да се освети оваа вода со силата, и дејството и слегувањето на Светиот Дух, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За да ѝ се испрати благодатта на избавувањето и благослов со кој е благословен Јордан, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј....
Се помазува Божјиот раб Адријан со елеј на радоста, во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.
И при помазување на градите вели:
За исцеление на душата и телото.
На ушите:
За слушање на верата.
На рацете:
Твоите раце ме створија и создадоа.
На нозете:
За да оди по стапките на Твоите заповеди.
По помазувањето, свештеникот го зема детето и, држејќи го право, свртено кон исток, трикратно го потопува во осветената вода, при што вели:
Се крштава Божјиот раб Адријан во името на Отецот; Амин,
и Синот; Амин,
и Светиот Дух; Амин.
Нашите глави да ги приклониме пред Господа.
Господи Боже наш, Кој по својата добрина, си ги осветил од полнотата на купелот, оние што веруваат во Тебе благослови го овој младенец и нека слезе на неговата глава Твојот благослов; и како што преку пророкот Самоил си го благословил царот Давида, благослови ја и главата на Твојот раб (Твојата рабина) преку раката на мене грешниот, слегувајќи на него (неа) преку Светиот Твој Дух, та растејќи, и во староста да Ти вознесува слава и да ги види благата на Ерусалим во сите денови од својот живот.
Возглас: Зашто Тебе Ти прилега секоја слава, чест и поклонение, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народот: Амин.
Сега свештеникот го потстрижува крстеното – крстообразно, велејќи:
Се потстрижува Божјиот раб (Божјата рабина) (името), во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.
Преминпортал (к.т.)
На празникот на Педесетница 2017 лето Господово