Пуштена во употреба реновираната галерија на икони при соборниот храм на Свети Николај во Штип
На 20. 05. 2008 година, во 18 часот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со Премиерот на Владата на Р. Македонија г. Никола Груевски ја пуштија во употреба реновираната галерија на икони во Соборниот храм “Свети Николај” во Штип.
Во галеријата беа реставрирани околу 80 икони, при што целата реставрација беше финансирана од Владата на Р. Македонија преку Заводот за заштита на културните споменици и музеј – Штип.
Извор: ѓакон Саше Ристов