27.06.2017.
На 16-ти јуни, 2017 г. во институтот за постдипломски студии при Одделот за надворешни црковни врски на Руската Православна Црква, под раководство на неговото Високопреосвештенство, митрополитот Волоколамски, г. Иларион Алфеев, се одржа одбрана на магистерски трудови.
Меѓу останатите, магистерска дисертација на тема „Црковно-политичката ситуација на Балканот кон крајот на 12-ти и почетокот на 13-ти век“, успешно одбрани и дипломираниот теолог Александар Ѓорѓиевски од Велес, вработен во администрацијата на Повардарската епархија. На одбраната присуствуваа и делегати од Повардарската епархија: епархискиот секретар, протоѓакон Влатко Стоименов и потпретседателот на Епархискиот управен одбор, г-дин Ѓорѓи Ристов.
По завршувањето на официјалниот дел на магистерските одбрани, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Руската Православна Црква, митрополитот Волоколамски, г. Иларион Алфеев, оствари средба со претставниците од Повардарската епархија.
Извор: Повардарска епархија