На 22.05.2008 година, во манастирот посветен на свети Никола во село Љубанци( скопско) , на денот кога Светата Црква го слави споменот на пренос на моштите на св. Николај, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата присуствуваа повеќето жители од Љубанци кои овој празник го прославуваат како слава на селото. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов. И од телото на оној што ќе ја сочува таа благодат, ќе останат мошти, како кај светите маченици, или кај пророците, или кај преподобните и другите големи светии. (старец Силуан Атонски)