логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Доделени сертификати за завршен бесплатен курс по руски јазик

Скопје, 4 јули 2017 (МИА) - Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска им додели сертификати на курсистите кои го положија завршниот испит во вториот турнус од бесплатниот курс за изучување руски јазик, во кој беа обучени 600 кандидати на основно, средно и на напредно ниво. Слушателите на курсевите имаа можност да добијат знаења од домашни, но и од руски предавачи.

Директорот на Рускиот центар и почесен конзул на Руската Федерација во Македонија Велимир Стојковски истакна дека на конкурсот што бил распишан во септември минатата година за оваа програма биле пријавени 980 кандидати од сите возрасти. Рече дека големиот одѕив ги загрижил како ќе ја организираат програмата, но дека успеале поради големата желба, ентузијазам и волонтерска помош на нивните професори по руски јазик.
-    Јазикот за чие познавање денес добивате сертификат несомнено е еден од најзначајните и најраспространетите во светот. Денес во светот 170 милиони луѓе зборуваат руски јазик, околу 350 милиони одлично го разбираат, а надвор од Русија живеат повеќе од 30 милиони на кои рускиот им е мајчин јазик, им порача Стојковски на втората група курсисти со положен завршен испит.

Рускиот амбасадор во Македонија Олег Николаевич Шчербак истакна дека е задоволен од големиот интерес за изучување на рускиот јазик во Македонија, но и во светот, посочувајќи дека рускиот не само што е јазик на светска култура, литература и музика, туку е и јазик на најнапредни технологии меѓу кои се и вселенските истражувања и интернетот.
-    Рускиот јазик е јазик на иднината. Бесплатните курсеви во Рускиот центар се уникатна можност за сите кои сакаат да допрат до духовното богатство и милениумската култура на Русија, да добијат важна конкурентна предност која секогаш ќе им биде корисна од професионален аспект, рече Шчербак, додавајќи дека посветеноста на УКИМ кон културата на други земји е гаранција за натамошно успешно зацврстување на неговиот меѓународен углед. - Многу високо ги цениме вашето однесување кон Русија и рускиот јазик и би сакал да ве убедам дека од своја страна Руската амбасада ќе даде сѐ од себе за да продолжи со поддршка на курсевите по руски јазик во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, нагласи рускиот амбасадор.

 


Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски во обраќањето зборуваше за успешната активност на Рускиот центар при УКИМ од неговото основање во јануари 2016 година.
-    Како четврти центар при УКИМ (покрај Турскиот, Италијанскиот и Кинескиот), Рускиот центар за една и пол година од формирањето покажа исклучително голема активност, а за курсевите што ги организира има голем интерес особено од млади луѓе. Тие беа поделени во турнуси и на тој начин се овозможи сите етапно да бидат прифатени и никој да не биде одбиен, рече Јанкуловски.
Сертификатите за завршен испит на курсистите од првиот турнус им беа доделени во февруари.

 

Друго:

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

13/08/2026 - четврток

Свети Евдоким; Светата маченичка Јулита; Свети Јосиф од Ариматеја;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная