Скопје, 28 -ми јули 2017 лето Господово - храм на св.Петка
На 28-ми јули 2016 година,во седмата недела по Педесетница, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на Светите маченици Кирик и Јулита и свети Владимир, голем кнез руски, во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче, презвитер Игор Калпаковски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на литургијата,о.Томе Велјановски напарави мал петочен водосвет.
Малкумина ја знаат тајната на послушанието. Оној што е послушен голем е пред Бога. Тој Го подражава Христа, Кој во Себеси ни го даде образот на послушанието. Послушната душа ја љуби Господ. И го дава Својот мир. Тогаш сe е добро и таа чувствува љубов спрема сите. Оној што е послушен, сета своја надеж ја полага на Бога, и затоа неговата душа секогаш е во Бога и Господ му ја дава Својата благодат. Таа благодат ја учи душата на секое добро и ? дава сила да пребива во него. Послушниот го гледа злото, но тоа не се допира до неговата душа, бидејќи со него е благодатта на Светиот Дух која што го чува од секаков грев и тој е мирен и лесно Му се моли на Бога. Душата на послушниот ја љуби Светиот Дух и затоа тој многу брзо ќе Го познае Господа и ќе го добие дарот на срдечната молитва.- Свети Силуан Атонски
Преминпортал (к.т.)