логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

September 10, 2017    

Почитувани екселенции, Ваше преподобие, ценети пречесни отци, драги браќа и сестри,

Се собравме на овој ден да го одбележиме јубилејот 50 години од прогласувањето на МПЦ како Автокефална Црква во соборот на Едната Света и соборна и Апостолска (Православна) Црква.

Воедно сакам да потсетам на уште еден голем историски ден за македонскиот народ кој што го чествуваме, а тоа е 26 години од осамостојувањето на Р. Македонија.

Чест е и одговорност да се зборува за историјата на Охридската Архиепископија – Македонската Православна Црква.

Колку македонскиот народ е поврзан и си ја сака црквата се гледа од вашата многубројност вечерва. Салата беше премала да ги собере сите заинтересирани  кои сакаа да учестуваваат на ова историска прослава. Меѓутоа, ако салата ни е тесна, да ни се широки срцата па да ги примиме внатре тие што дојдоа, тие што сакаа, а неможеа да дојдат и тие што беа поканети и не сакаа да дојдат. Утре на заедничката Литургија, која што ќе ја служиме во црквата Св. Петка во Рокдаел од 9 часот наутро,  на сите им се отворени вратите да дојдат и заеднички да се помолиме и да му пренесеме благодарност на Бога за Неговите и изобилни дарови што ни ги дава.

Црквата е телото Христово

Црквата Господ ни ја оставил како Негово благодатно присуство на земјата во која сите ние се собираме (воцрквовуваме) и постануваме едно меѓу себе и со Христос, т.е. стануваме обожено тело Христово. И како што е едно телото Христово, така е и една Црквата, според зборовите на Св.ап. Павле : И како што телото е едно, а има многу делови, и сите се делови тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се. … и уште: Вие сте телото Христово, а пооделно членови. (I Кор.12.12 -27). Исто така и Црквата има многу посебни локални епископални цркви и сите тие ја сочинуваат едната, света, соборна и апостолска црква, без да се повредуваат во својата единственост и меѓусебното единството.

Бидејки Црквата се идентификува со Евхаристијата, а таа е една, неделива и секогаш потполна; така и Црквата, која е заедница на верните собрани на едно место околу својот епископ  на светата Евхаристија, е една, неделива и потполна. Според тоа и епархиите на МПЦ ОА е една, неделива и потполна епископална Црква се во нераскинливото единство со другите останати локални епископални Цркви во целата Екумена.

Единството на локалната и универзалната (Соборната) Црква не е некакво единство во ‘колективност’ (каде што локалните Цркви би сочинувале ‘делови’ од една поголема ‘целина’), туку е благодатно единство во идентитет, каде што сите локални епископски Цркви, во светата Евхаристија, се поистоветуваат меѓусебно и со Телото Христово, односно и со онаа првобитна Апостолска Црква во Ерусалим и со есхатолошката Црква на Невечерниот ден на Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Почетоците на црквата во Македонија

Црквата во Македонија или Македонската Православна Црква  не е “нова” Црква. Нејзините корени се уште од апостолско време. Христијанството во Македонија, прв го проповеда и проширува Светиот апостол Павле за што сведочат и Делата Апостолски. На тие негови патувања бил придружуваат и од други апостоли, кои подоцна и самите независно од Светиот апостол Павле ќе проповедаат и ја шират црквата Божја на нашите простори. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој ја организира Црквата во Македонија и го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Исто така во Македонија проповедаат и други апостоли.

Во црковната историја и житијата на светиите може да видиме дека христијанството во Македонија во првите три век било проширено низ сета нејзина територија. И како резултат на тоа, веќе на почетокот на IV век Христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи редовно учествуваат на помесните и вселенските Собори.

Во V век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала Стоби и др. Во тој пероиод низ цела територија на Македонија никнуваат и многу ранохристијански базилики, црковни храмови.

Во VI век, за време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, Р. Македонија, како што вели Единаесеттата новела од неговите законски зборници од прописи за Црквата, свештенството и манастирите (Novellae), сакајќи да ги возвеличи својата татковина и родното место, прво го подигнал градот Јустинијана Прима на   местото   на  своето   мало   село   и   го   назначил   за   епископско   седиште   на новооснованата Автокефална Архиепископија Јустинијана Прима (Прва). На овој начин во 535 година на   територијата   на   Македонија   била   основана   самостојната   Архиепископија Јустинијана Прима. За прв архиепископ бил именуван Кастелијан кој по својот углед бил трет по ранг, веднаш зад Цариград и Рим, дури и пред Александрија, Антиохија и Ерусалим.

Делото на светиот апостол Павле и светиот цар Јустинијан I го продолжуваат светите браќа Методиј и Кирил и нивните ученици светите Климент и Наум Охридски. Во втората половина на X век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија, врз темели на Јустинијана Прима. Охридските Архиепископи, сакајќи да го назначат континуитетот и да ја наследат славата на Архиепископијата на Јустинијан Први, се потпишувале како Архиепископи Охридски и на Јустинијана Прима. Царот Самуил дури ја подигнал Архиепископијата на ранг Патријаршија.

Подоцна, По битката на Беласица, кога трагично пропаднало Самоиловото царство, византискиот цар Василиј II, кој и самиот Македонец, сфаќајќи и познавајќи го огромното значење на Охридската патријаршија за балканските и источните народи, не ја укинал нејзината автокефалност, туку само ја симнал во ранг на Архиепископија, а границите и останале исти, како и нејзините права и привелегии. Како таква постои цели осум века, сè до 17 мај 1767  година кога неканонски е укината од страна на турскиот султан Мустафа III, а нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија.

Македонскиот народ со тоа не се помирил. Од тој момент па наваму, прави постојани напори за нејзино обновување. Тие напори особено се зголемуваат во шеесетите години на XIX век кога дошло до силно сенародно движење за отфрлување на јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. Големо мнозинство од македонскиот народ ја отфрлил јурисдикцијата на Цариградската патријашија, но поради спротиставувањето на турската власт, не се успеало да биде обновена Охридската архиепископија. Тие црковни заедници што се отцепиле од Патријаршијата прибегнале од закрила на Бугарската Егзархија. Во тоа време Бугарите, заради силното влијание во Цариград, успеале на своја страна да ја придобие Високата порта и во 1870 година да формира Бугарска црква, позната како Егзархија, чија диецеза ги опфаќала и македонските епископии.

Така да еден дел од македонското население останал и натаму под духовна управа на Цариградската патријаршија, а некои, пак, црковно-училишни општини во јужниот дел на Македонија прибегнале кон Рим мислеки дека на тој  начин ќе успеат да организираат своја самостојна Македонска црква. Со што се дошло до уште полоша црковна состојба и поделба на македонскиот народ.

Да биде уште по трагично, во почетокот на XX век доаѓа до уште покомплицирана состојба кога СПЦ ги откупила епархиите од Вардарскиот дел од Цариградската патријаршија и тие влегле под нивна јурисдикција. Одлуката на Синодот на Цариградската патријаршија, донесена на 19 март 1920 година, гласила: „Канонски ред и обичај е работите на црковната управа да се уредуваат и доведуваат во согласност со политичките промени што се случуваат и според тие промени црковните работи со внимание, како што прилега, да се приспособуваат и распоредуваат не само заради нивното уредно и целосно изведување, туку и заради поголемата полза на Црквата и на христијанскиот народ“. Нешто што истите тие на над денес истото ни го оспоруваат.

Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија

Нов силен замав во обовувањето на Охридската Архиепископија македонското свештенство и народот завзема со новите политички промени на Балканот кога крајот на втората светска војна се наѕираше. Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква. На 4 и 5 Март 1945 година во Скопје е одржан Првиот македонски црковно-народен собор на кој зеле учество повеќе од 300 делегати – свештеници и мирјани и на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска Православна Црква. Оваа одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква која истиот не ја прифатил. Заради што во своите понатамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции на текстот: наместо како автокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. И повторно не наидува на одобрување. Од 4 до 6 октомври 1958 година, во Охрид е одржан Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Охридската Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква. За нејзин прв епископ е избран г. Доситеј (Стојковски). Ова всушност значи потврдување на одлуката на Вториот македонско црковно-народен собор. Тука се потврдува и со одредбата од споменатата одлука, каде што се вели: „Со оваа одлука престануваат да важат прописите на Уставот на Српската православна црква за епархиите и архијереите во Македонија“. Уште е речено: „Во интерес на зачувувањето на канонското единство во Српската православна црква, сите промени во Уставот и уредбите што ги донесува Митрополитскиот црковен собор мораат да се темелат врз основа на канонски начела на Православната црква“. А, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, доследен на традициите од минатото, секогаш и беспрекорно се стремел својата дејност да ја темели исклучиво врз догмите и каноните на Светата Православна црква.

Архиерејскиот собор на СПЦ се согласи со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година. Одлуката за самостојност на МПЦ беше потврдена од страна на СПЦ преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ ѝ дал самостојност на Македонската Православна Црква, со тоа што таа и понатаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот Патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската Православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата на Пресвета Богородица – Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија, на која што служел патријархот Московски Алексиј, во сослужение со патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални Цркви.

Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор, и на свечената седница во охридската црква на Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Извршено е и дополнување на Уставот на Македонската православна црква со отварање на две нови епархии: Дебарско-кичевската и Американско-канадско-австралиската. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е совршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата на Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ.

Создавањето на национални цркви

Автокефалноста е многу важна работа во практиката и успешноста на фунционирањето на Црквата. Најчеста причина за прогласување на автокефален статус низ црковната историја биле и сè уште се територијалните и административните промени. Овие промени, особено во текот на XIX и XX век се поврзани со појавата на таканаречените национални држави, што јасно се гледа и од имињата на новите помесни православни цркви создадени во тој период. Во општиот менталитет на времето се препородува римската (византиска) идеја за потребата од сопствена црква, како услов за создавање и општо признавање на државата.

Како пример ќе дадеме краток осврт на стекнувањето на автокефалниот статус на некои од Црквите:

– Руска Православна Црква: Почетоците на ова црква се од 988 година. Во периодот од 990 до 1037 година Охридската Архиепископија ги ракополагала нејзините епископи, а потоа до 1448 (1453) година Цариградската Патријаршија. Во 1448 (1453) самата прогласила автокефалност, а истата ѝ била признаена од страна на Цариградската патријаршија дури во 1589 година;

– Грузиска Православна Црква: Почетоците на оваа црква потекнуваат од античкото Кралство Иверија каде Христијанството станало државна религија уште 337 година. Во 1811 година руската власт ја укинала и ја потчинила на Руската Православна Црква. Оваа состојба останала до 12 март 1917 година кога грузискиот клир еднострано прогласил автокефален статус на нивната црква што од страна на Руската Православна Црква било прифатено во 1943 година, а Цариградската Патријаршија ова го направила дури на 3 март 1990;

– Романска Православна Црква: Во 1859 година создадена е современата романска држава. Со државната одлука од 1865/66 година и законот од 1872 година, романската држава ја прогласила новоформираната Романска Православна Црква за автокефална. Цариградската Патријаршија оваа одлука ја прифатила во 1885 година.

– Бугарска Православна Црква: Нејзиното создавање е поврзано со издавањето на султанскиот ферман од 1870 година и црковно-народниот собор одржан во Истанбул во 1872 година, по што на Помесниот собор во Истамбул, во 1872 година била обвинета за етнофилетизам и прогласена за шизматичка црква. Автокефалноста ѝ била признаена од страна на Цариградскиот патријарх Венјамин на 13 март 1945 година. Во 1953 година се прогласиле за Патријаршија, а Цариград оваа одлука ја прифаќа во 1961 година.

– Грчка Православна Црква: Основана е и прогласена за автокефална на 23 Јули 1833 година од страна на грчката власт. Нејзината автокефалност ја прифатил Цариградскиот патријарх Антим во 1850 година.

– Албанска Православна Црква: Оваа црква е создадена на Црковно-народниот собор одржан во Берат во 1922 година кој воедно прогласил и нејзина автокефалност, а истата била признаена од страна на  Цариградската Патријаршија на 12 април 1937 година;

И на крајот, Српска Православна Црква: Историски Српската Православна Црква (Пеќска Патријаршија) потврдена е како независна во 1219 година од страна на Никејскиот патријарх, кога Св. Сава го прескокнал вообичаениот канонски поредок, искористувајки ги тогашните политички (не)прилики на Балканот и наместо од Охридската Архиепископија, тој пошол преку Епирскиот цар да бара отцепување на српските епархии од  јурисдикцијата на Охридската Архиепископија и нивна афтокефалност. Наскоро следело прогласување на раскол и анатема од страна на Охридскиот Архиепископ Св Димитриј Хоматијан а подоцна повлекување на анатемата и помирување.  Како таква постоела се до смртта на патријархот Арсеније II во 1463, а нејзините епархии потпанале под Константинополска јуриздикција. Повторно Била обновена во 1557 година со помош на турската власт, но во 1766 година била и укината од исто така  од турската власт. Нејзината обнова се случува кога во 1879 година Србија е признаена за независна држава (Белградската митрополија станува автокефална), а завршува во 1920 година по создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (1918);

Следејќи го вообичаениот пример на другите православни цркви, исто така и синодот на МПЦ, откако увидела дека доволно се созреани приликите и можностите, во 1967 годин, точно 200 години по нејзиното укинувањето ја прогласила својата афтокефалност.Што не е ништо ново и ништо невообичаено во Православниот свет, но за жал, останатите сестрински цркви сеуште остануваат глуви на нашата болка и се негира и спори нејзината афтокефалност. Иако ги исполнуваме сите потребни нешта, таа сеуште не е официјално призната од останатите помесни правослани цркви, но се надеваме дека во најскоро време, ќе преовладува христијанскиот разум ќе ги победи ситно националистичките и тесноградо асимилаторски интереси од поединци и позитивно ќе се одлучи повторно да се воспостави нарушената евхаристиска заедница и нејзино официјалното административното признавање.

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – денес

Диецезата на Македонската Православна Црква не се протега само на подрачјето на Македонската држава, туку и во црковните општини надвор од границите на Републиката, организирана во 12 Епархии.

Денес, со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква претседава Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. Останатите членови на Синодот се:

➢ Митрополит Преспанско – пелагониски и Aдминистратор Австралиско- новозеландски г. Петар

➢ Митрополит Дебарско – кичевски и Плаошки и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј

➢ Митрополит Струмички г. Наум

➢ Митрополит Повардарски г. Агатангел

➢ Митрополит Американско – канадски г. Методиј

➢ Митрополит Европски г. Пимен

➢ Митрополит Брегалнички г. Иларион

➢ Митрополит Тетовско – гостиварски г. Јосиф

➢ Митрополит Кумановско – осоговски г. Јосиф

➢ Викарен Епископ Хераклејски г. Климент

➢ Епископ г. Горазд, поранешен Митрополит на Европската епархија

Според точката 17 од Образложението на Одлуката за автокефалност, Македонската Православна Црква како административен дел од едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, ќе ги чува Светото Писмо, Светото Предание, апостолските Правила и прописите на вселенските и помесните Собори и ќе се раководи согласно со нив и со Уставот на Македонската Православна Црква

Со 12-те епархии на МПЦ – ОА управуваат десет активни Епископи на кои моментално им помагаат околу 600 активни свештеници во околу 500 парохии со повеќе од 2000 цркви и манастири. Надвор од границите на Р. Македонија МПЦ пастирски дејствува во 4 епархии во дијаспората.

Продолжувајќи ја просветителската мисија на Охридската Свети Климентова школа, согласно современите текови на теолошките науки, во апостолски дух, средното богословско училиште „Свети Климент Охридски“ и Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, секоја година обучуваат млади теолози, учители по веронаука и свештеници.

Во околу дваесетина живи манастири под јурисдикција на МПЦ со над 200 монаси и монахињи во молитва и монашки подвиг го чуваат живото светоотечко предание и аскетско – исихастичкиот подвиг во Христос.

Во овој краток период се изградија многу нови цркви и манастири низ целата диецеза на МПЦ ОА, а се возобнови преданието на византискиот иконопис по кое Македонија е посебно позната по прекрасните фрески и икони.

Хуманитарноста не е заборавено со отварање на народни кујни за сиромашните исто и мисионерството со просветление преку печатење на книги од повеќе издавачки куќи и од кои произлегоа стотици наслови на современ македонски јазик меѓу кои и сите богослужбени книги и житијата на светиите.

И што е најважно е духовниот препород, кој што посебно ни се случи по ослободувањето од атистичките стеги на комунистичкиот режим, ги наполнија црквите и манастирите, пред се со млади луѓе.

Оваа година и минатата MПЦ ОА канонизира и неколку новообјавени светители кои својата светост ја посведочија со својот живот и чудотворство.

Сето тоа сведочи за една жива црква, присуство на благодат и жив живот во Христос.

Тажно е констатацијата што сеуште заради световната политика и етнофилетизмот, кои навлегле во црковните кругови, МПЦ ОА сеуште се наоѓа надвор од ефхаристиското единство со другите помести сестрински православни цркви. Искрено се надеваме дека Бог ќе ги услиша нашите искресни молитви и ќе преовладува вистинското Богољубие и човекољубие и сведоштво во љубов.

Посебно ни е драго што на оваа наша свечена прослава по повод 50 години од возобовувањето на Автокефалноста на Охридската Архиепископија имаме гости и преставници од Антиохиската, Ромаската и Руската задгранична Црква. Оваа е еден чекор кон остварувањето на таа наша заедничка цел и сакаме да им дадеме огромна благодарност на гостите и нивните епископи кои благословија да дојдат со нас вечерва.

Ви благодариме од се срце.

Ви благодарам и на вас, драги гости, браќа и сестри на вашата сесрдност да го подржите овој многу значаен настан за МПЦ и да дојдете во овој број денес и да покажете колку нас денес, посебно на овие простори, ни е потребно единството, почитта и братската љубов.

Му благодариме пред се на нашиот триедеин Бог, Света Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух, во чија слава и чест го правиме овој наш собор вечерва. Амин

Благодарам и за многу години!

Отец Гаврил (Галев), игумен

Извор:http://mpcaus.org/slovo-po-povod-proslavata-igumen-gavril/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная