с.Љубанци, 9-ти април 2018 год.- храм на св. Никола
На 9-ти април .2018 година, во понеделникот од Светлата седмица, во манастирот на св. Никола, во с. Љубанци, презвитер Горан Стојчевски отслужи Света Златоустова Литургија.На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Дево сенепорочна, пределот на смртта го уништи, кога Го роди вечниот Живот – Христа, Кој денес од гробот засветли, и светот го просветли.
И сега и сегогаш и во вечни векови. Амин!
Откако го виде твојот Син и Бог, Кој воскресна, радувај се со апостолите, богоблагодатна и Чиста! И пак велам: Радувај се, зашто ти си првата што ја прими благовеста за спасението, како причина за радост на сите, Богомајко Сенепорочна.“
(Од Пасхалниот Канон)
Благовестејќи го Воплотувањето Господово, ангелот вели: „Радувај се, благодатна!“ Објавувајќи им го на пастирите Рождеството на Христа Спасителот, повторно вели: „Еве, ви јавувам голема радост!“ Но, известувајќи ги жените за Воскресението на Господа, ангелот вели само: „Стана, не е овде!“ Тој не додава: „Радувајте се“, зашто радоста сама по себе ќе ги исполни нивните срца штом се уверат дека Господ навистина воскреснал. Тогаш верата била опиплива, а Господ со Своето јавување ја допотполнил. И радоста кај сите била неисцрпна!
На втор ден Велигден, традиционално манастирот масовно го посетуваат мештаните на селото Љубанци како и од градот,
а за многубројниот народ сестринството ја подготвиа трпезата на љубовта.
Ден е на Воскресение, да се просветлиме, луѓе! Пасха, Господова Пасха, зашто од смртта кон животот и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе, пеејќи ја победната песна.
Христос Воскресна од мртвите.
Преминпортал (к.т.)