Скопје, 30-ти април 2018 год.- Соборен храм
На 30.04.2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Св. Кипријан Слепчански
- Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски
- Свети Акакиј епископ Мелитински
Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји.- Старец Паисиј Светогорец
Во четвртата недела на Воскресение (недела на Раслабениот) кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на св. Кипријан Слепчански,светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски,свети Акакиј епископ Мелитински во Соборниот храм посветен на св.Климент Охридски, во Скопје, старешината на храмот, протопрезвитер Сашко Николовски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се пичести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)
Друго: