логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Маестро Зубин Мехта по 40 години повторно пред македонската публика


Скопје, 2 јуни (МИА) - Светски познатиот диригент, маестро Зубин Мехта вечерва по четири децении повторно ќе настапи пред македонската публика. Во рамките на програмата на 47-то издание на Фестивалот Охридско лето, со Израелската филхармонија на вечерашниот концерт во „Метрополис арената“ ќе настапат со изведба на дела од Бетовен, Равел и Дворжак, изјави маестро Мехта на денешната прес конференција пред настапот.




 
- Добро е што сум повторно овде по 40 години. Минатиот пат бев во 1967 година заедно со Филхармонијата на Лос Анѓелес, само неколку години по катастрофалниот земјотрес во Скопје. Од она што можев да видам синоќа, градот денес станал метропола, рече Мехта.

Диригентот кој има настапувано на сите светски сцени и со сите глобално реномирани оркестри, посочи дека вечерашниот репертоар е избран со цел да се покажат различните стилови на музика што ја негува оваа филхармонија.

Изборот да се претстават со Симфонијата број 9, „Од новиот свет“ на Антонин Дворжак, како што вели концерт - мајсторот Брус Венштајн, е и потврда дека за израелските музичари ова е прва посета на земјата.

Концерт мајсторот Јешуа Пастернак, осврнувајќи се на структуарта на оркестарот истакна дека се работи за комплетен филхармониски оркестар со 105 музичари. Тој посочи дека карактеристично за оркестарот е што работи по посебен т.н. самоуправувачки систем според кој музичарите го водат концертот - систем на работа што се применува единствено уште во Виенската филхармонија.

Директорот на фестивалот Охридско лето, Тони Симоновски и музичкиот селектор на програмата
на фестивалот Гордана Јосифова - Неделковска, се согласни дека со овој грандиозен концерт се потврдува не само рејтингот на фестивалот, туку се збогатува и се искачува на поголеми височини културниот концертниот живот во Македонија.


Одговарајќи на новинарско прашање, дали постои можност да гостува на Македонскиот филхармониски оркестар односно на оркестарот при Македонската Опера и Балет, маестро Мехта рече дека во неговата згусната агенда приоритетно место има Изрелската филхармонија, каде е назначен за доживотен музички директор, потоа се ангажманите во Фирентиската опера и во Оперсаката куча во Валенсија, поради што тоа ќе биде тешко изводливо во блиска иднина. Тој рече дека не му се познати македонските реномирани музичари, но оти секогаш се залага за поддршката на младите таленти и музицирање на современите музички дела. Од репертоарот кој опфаќа 400 години музика од барокот до модерната класика, вели, не може да си дозволи да издвои посебни дела или автори, но вели би можел цела недела да ја диригира Бетовеновата „Хероика“.

-
Верувам дека 2,5 часа колку што ќе трае концертот ќе има мир и не сум само јас кој што придонесува за тој мир. Но, фактот дека низ целиот свет дневно се одржуваат десетици илјади концерти навистина е извонредно кога тој мир од 2,5 часа го има се повеќе и повеќе. Замислиете си како би било без тие два часа. Тоа е еден здрав феномен. Сигурен сум дека на јавноста во Израел каде изведуваме седум концерти неделно им се потребни, вели маестро Зубин Мехта за тоа која ќе биде неговата главна порака од вечерашниот концерт уверен дека музиката е таа која ги зближува луѓето.

Концертот е поддржан од Министерството за култура. ва/нс/14:13


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

24/06/2026 - среда

Петровденски пости; (пост со масло)

+Св. апостол Вартоломеј; Светиот апостол Варнава; Св. 222 Кинески исповедници и маченици; Празник на иконата „Достојно е“ ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная