логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 malabog2018 1

 malabog2018 2

malabog2018 3

„Дојдете сите да видиме, како од мала палата сега град Божји се раѓа, Кој низ врата на утробата излегува, без да знае за било какво општење: Единствено Бог Создателот низ неа помина, како по необична патека!“ (песна од Канонот на Утрена на Рождество на Пресвета Богородица).

malabog2018 4

malabog2018 5

malabog2018 6

 malabog2018 7

Прославувањето на празникот Рождество на Пресвета Богородица во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, продолжи на самиот ден на празникот, на 21 септември, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевче Тошевски, свештениците Горан Ставрески, Александар Матески, Павел Крцоски и Сашо Целески, еромонасите Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Потоа, Митрополитот Тимотеј изврши обиколка и во пошироката околина на манастирот, а ја освети и новата штала, која се подготвува по најнови стандарди и услови.    


malabog2018 10

Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 malabog2018 9

Митрополит Тимотеј

 
Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Уште древните христијани во црковните песни, Пресвета Богородица ја величале како наша христијанска радост. Во тропарот на денешниот празник пееме: Твоето раѓање, Богородице Дево, радост ѝ јави на целата вселена. Каква радост му донела на светот Дева Марија? Каква радост ни донела онаа која се родила од непознати родители во малиот, поробениот од Римјаните Јудејски град, Назарет. Понижен и неславен, во споредба на народите коишто го опкружувале. Но, таа, им подарила радост на луѓето. Радост, затоа што настапил долго очекуваниот период од луѓето. Преку неа се појави Сонцето на правдата. Настапи време, кога со Божја сила и со силата и подвигот на Господа наш Исус Христос, се обессили царството на ѓаволот, царството на злобата и смртта. Се обессили ѓаволот и се откри царството на вистинските добродетели, царството на вечниот и блажен живот. Како претвкусување на вечното царство, се јави нашата светиња, од Господа основана на земјата, Црквата Христова.


Таа радост, со нејзиното раѓање, на земјата го возвести Преблагословената Дева Марија. Ни го возвести онаа, која Го сместила во себе Несместливиот. Онаа, која ќе биде удостоена да биде мајка на Синот Божји. Мајка на Оној, Кој, вооплотувајќи се на земјата, родот човечки го искупи од гревот и го спаси од вечниот погибел. Се родила на земјата онаа, којашто станала почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите. Поради нејзината чистота и духовна убавина, ќе биде прославувана во сите векови од верните христијански срца.


Денеска торжествено го прославуваме нејзиното рождество. Денеска во неа сите ние имаме небесна мајка. Мајка на сите синови на светата Христова црква. Ако Синот нејзин, Господ Исус Христос, според зборовите на Светото писмо, не се срами да нè нарече Свои браќа, тогаш, како таа да не се нарече мајка на православните деца на светата Црква? Ако ние се соединуваме со Божествените тајни на Телото и Крвта на нејзиниот Син, како тогаш таа да не ни биде и нам мајка? Ние ликуваме на прославата на нејзините празници, знаејќи дека во нејзиното лице секогаш имаме небесна покровителка, молитвеница и застапница во сите наши нужди, беди и разни неприлики. Знаеме и веруваме дека ниту една нејзина молитва пред лицето на нејзиниот Син, не може да остане неуслишана. „Многу помагаат мајчинските молитви пред лицето на Небесниот Владика". Така, во нашите молитви, исповеда Православната вера и нашата света Црква. И ние, со детска љубов и со радост се обраќаме кон неа со нашите молитви.


Молејќи ѝ се на нашата небесна Мајка, за наше избавување од телесните болести, страдања и просејќи простување за нашите престапи, не треба да заборавиме дека сите земни потреби, сè што е овоземно, сето тоа е времено и потребно ни е само до смртниот час. Но, има друго богатство, богатство нетлено, а тоа е вечноста. Богатството да живееме во царството небесно во општење со нашиот Господ. Тоа значи духовно совршенство, коешто сите ние должни сме да го достигнеме. Не треба да заборавиме дека св. Богородица ни помага и во земниот живот. Ни помага да ги пребродуваме маките и страдањата, но таа, повеќе од сè, сака да се најдеме во небесните вечни блага и во вечниот живот. Треба да знаеме дека почитта земна, здравјето, болеста, богатството, бедата и понижувањето, сето тоа е средство со кое нашиот Небесен Отец се ползува да нè постави на патот на спасението и да нè воведе кон вечното спасение. Затоа, не секогаш, нашиот Небесен Отец не брза да ги исполни нашите прозби, со кои ние Му се обраќаме. Не затоа што Он не ги слуша, но затоа што Он, како Премудар и Оној Кој сè гледа, знае што е полезно, а што не за нашето спасение, за спасението на нашите грешни души. Он може да нè обдари со многубројните Негови земни блага, но, Он знае дека ако ни даде сè, како многумина од нас, ќе загинеме во нашите гревови и, целосно, со нашите срца, ќе се прилепиме кон тие земни блага. Нашиот Господ знае што ни е потребно, а што ни е штетно и погубно за нашиот вечен живот.


Многу векови пред Христовото раѓање, синовите на праотецот Јаков, го продале во ропство својот роден брат Јосиф. Колкав престап било тоа! Горко плачел стариот татко кога слушнал за загубата на своето најмало чедо. Поминале многу години. Браќата на Јосиф дошле во земјата во којашто се наоѓал нивниот брат. Дошле во земјата каде што го продале како роб. Но, сега тој стекнал голема почит и чест, затоа што ја стекнал довербата и честа фараонова. Таму побарале леб бидејќи настанал глад во нивната земја. Кога Јосиф им помогнал на своите браќа и на својот татко кои се наоѓале во тешка положба, браќата паднале на колена пред него и побарале прошка. Јосиф им дал простување од сето срце, но не ги задржал и своите солзи па им рекол: „А сега, пак, не жалостете се ниту да жалите што ме продадовте ваму, оти Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш" (1 Мојс 45, 5).


Еве како Бог устројува за наше добро. Преку пророкот Исаија вели: „Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта... Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли" (Ис 55, 8 – 9).


Сите празници на Пресвета Богородица силно им зборуваат на нашите души дека должни сме да бидеме вистински христијани и верни деца на нашиот Небесен Отец. Нè вика да одиме по Него и да ги исполнуваме Неговите заповеди. Нè вика кон Себе за да ги спасуваме нашите души и нè чека како Негови деца. По молитвите на Пресвета Богородица, да бидеме вистински чеда на нашата света Црква. Амин!
malabog2018 11

malabog2018 12

 malabog2018 14

malabog2018 15

malabog2018 16

malabog2018 17

malabog2018 20


 malabog2018 21

 malabog2018 23

malabog2018 24

malabog2018 28

malabog2018 29

malabog2018 30


Рождество на Пресвета Богородица
21. 09. 2018 год.
Манастир „Св. Богородица Пречиста " – Кичево

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

Својата Вода, или Живата вода, за која говори Господ Исус Христос, во разговорот со Самарјанката, е всушност Неговото спасително учење кое постојано, непрекинато ни го дава низ вековите, па и...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

 Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи,...

Жарко Ѓоргиевски:19. мај 2024 година - Свети праведен и многустрадален Јов

Жарко Ѓоргиевски:19. мај 2024 година - Свети праведен и многустрадален Јов

Најхрабри и со најцврста вера биле токму овие жени мироносици кои тргнале до крај да ги испочитуваат обичаите кои владееле во тоа време. Затоа тие и станале првенци на апостолството...

« »

Православен календар

 

17/06/2024 - понеделник

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски; Светиот маченик Конкордиј; Светите маченици Фронтасиј , Северин, Северијан и Силан; Преподобен Зосим, епископ на Нов Вавилон, град мисирски.; Светиот свештеномаченик Астиј, епископ Драчки; Светите сестри Марта и Марија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. мч-ци Христови Лукилијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла 3 јуни / 16 јуни 2024

Тропар на св. мч-ци Христови Лукилијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла 3 јуни / 16 јуни 2024

Како на орел што се обновува младоста негова,така верата во светиот Лукилијан обнови сила духовна, заточен со светите младенци Клавдиј,...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Еразмо Охридски 2 јуни / 15 јуни 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Еразмо Охридски 2 јуни / 15 јуни 2024

Мудри, твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички.Пролевајќи ја крвта своја маченичка,си се удостоил со вечна...

Тропар на св.маченик Христов Јустин Философ 1 јуни / 14 јуни 2024

Тропар на св.маченик Христов Јустин Философ 1 јуни / 14 јуни 2024

Како птица која го прелетува морето,така ти Јустине свети ја надмина мудроста на овој свет,дознавајќи дека вистинско спознание се добива...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная