Скопје, 26 октомври 2018 лето Господово- храм на св.Злата Мегленска, н.Сарај
На 26-ви октомври 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Свети Никола Кавасила
Нашиот Господ го зеде не само телото, туку и душата, умот и волјата - сѐ што ѝ припаѓа на човечката природа – за да се соедини со целото наше битие, за наполно да го проткае, поврзувајќи го во целина она што е Негово со она што е наше... Тој споделува со луѓето сѐ, освен гревот... Во тоа е силата и благодатта на Светата Тајна на Причеста во душите коишто кон оваа Света Тајна се приближуваат со чисто срце и се чуваат од секое зло.