Скопје, 27-ми октомври 2018- храм Рождество на Пресвета Богородица
На 27-ви октомври 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Преподобна Параскева (Петка)
На 27.10.2018година, кога Светата Црквата молитвено го прославува споменот на Преподобна Параскева (Петка) , во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Игор Димитриевски во сослужение на протоереј Љупчо Вејлановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа за житието на св.Петка.
Авва Марко
И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите. Но ти, со големо внимание и настојување на умот, во содејство одозгора од кога еднаш ќе ги пронајдеш овие невидливи дивови на злото, потоа лесно ќе можеш да се избавиш од нив, пак, со внимание и молитва. Тогаш од твојата ревност за вистинското знаење, за паметењето на Божјото слово и согласувањето на твојата волја и живот при состојба на внимание во срцето и постојано чување на силата на дејствената благодат – заборавноста, незнеањето и мрзливоста ќе бидат истребени и ќе исчезнат.-Авва Марко
Преминпортал (кт.)
Друго: