Скопје, 11-ти декември 2018 г.- храм на св. пророк Илија
На 11-ти декември 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Св. 15 Тивeриoпoлски (Струмички) свeшт. мчци
- Прeп. Ана
- Св. нoвoмч. Христo
„Голема пофалба и крепост има градот Тивериополски, светители, свештеници и левити: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се јавија.
Овие Петнаесет, демонските сили ги изгонуваат и на верните здравје им даруваат.“ (тропар на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици)
Во дваесетосмата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Св. 15 Тивeриoпoлски (Струмички) свeшт. мчци,Прeп. Ана,Св. нoвoмч. Христo, во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, свешеникот Диме Малинов во сослужение на ѓаконот Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата отецот произнесе слово за деешните светители.
Старец Софрониј
За да ја појмиме тајната на животот во Христа, должни сме да го поминеме патот на послушанието. И да чекориме многу внимателно. Доколку созерцанието му е правилно, човек може да има големо вдахновение, правејќи ја и наједноставната работа, како на пример, подготвувањето храна. Наспроти тоа, без послушание, па макар и да сте патријарх, епископ или свештеник, може да се изгубите. Во нас го носиме прародителскиот грев, оној отров на првото Адамово искушение во рајот - ќе бидеме како богови – но, послушанието може да нè ослободи од оваа состојба.
Преминпортал (к.т.)
Друго: