Дортмунд, 23ти декември 2018
После сите подготовки, во градот Дортмунд, се започнува со градба на новата црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.
Традиционално, дечиња облечени во народна носија го започнаа копањето на темелите на црквата а сите заеднички со слога и љубов да ја изградиме. Блескајќи, овој храм, нека сведочи за постоењето на еден свет, верен, православен македонски народ.
Во своето обраќање, протојереј Душко Пецов, рече дека оваа црква е од сите и за сите и изрази благодарност до постарата генерација затоа што повеќе од 25 г. ја оддржуваат црковната општина во Дортмунд , но и си даде ветување дека со сегашните и идните генерации ќе продолжат да си ја чуваат и негуваат верата и преку изградбата на новата црква ќе се зацврсти духот верен православен.
Започнавме, придружете ни се!
Известува протопрезвитера Анита Пецова