Скопје, 23-ти декември 2018 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј н.Криви Дол
На 23.12.2018 година, во триесеттаа недела по Педесетница, кога МПЦ-ОА го прослави споменот на светите маченици Мина, Ермоген и Евграф , презвитер Горан Тасески отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, во Скопје. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на литургијата отецот произнесе толкување на Евангелието на денот..
Да се молиме за другиот, значи да му помагаме! Благодарение на благото расположение на нашето срце спрема него, да може да им се спротивстави на негативните помисли кои не без причина може да ги има против нас. Наспроти тоа, да не се молиме за него, значи дека ги оправдуваме, немајќи љубов од наша страна, лошите помисли што може да ги има против нас. Да го зачуваме единството во молитвата, околу чашата Христова и ќе видиме дека е лесно да љубиме! Старец Софрониј
Preminportal (к.т.)
Друго: