Скопје, 28ми декември 2018- храм на св.Петка, н. Црниче
На 28ми декември 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :Свети Стефан Исповедник Сурожски;Преподобен Павле во Латра;
Светиот свештеномаченик Елевтериј
Старец Софрониј
Единствено што нè привлекува е Христос, Неговата личност. И должни сме да Го живееме Христа како мерило на секое естество, божествено и човечко. Во Христа го имаме својот Бог Создател. Во Христа го имаме примерот, откровението на Планот Божји за човекот. Љубовта Христова секогаш треба да го исполнува нашето срце. Во Бога не живееме со интелектуално размислување. Бог ни се открива преку Своите енергии. Христа го живееме како наш личен живот, а не само надворешно.
Во триесеттата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на свети Стефан Исповедник Сурожски;преподобен Павле во Латра;светиот свештеномаченик Елевтериј, свештеникот Зоран Велковски во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуровски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Вообичаено, секој петок во овој храм по Литургијата се прави мал петочен водосвет, а денес тоа го направи протаереј Јован Ристовски.
Преминпортал (к.т.)
Лето Господово 2018