Скопје,10ти февруари 2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица
На 10ти февруари 2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Преподобен Ефрем Сирин
- Преподобен Исаак Сирин
- Преподобен Паладиј
на денот на свети Исак Сирин и свети Ефрем Сирин
Од житието на Закхеј : „Светиот апостол Закхеј најпрво беше цариник и грешник, но кога Господ го виде качен на дрво во Ерихон заради Него, влезе во неговиот дом, а ова го приведе Закхеј кон покајание. Подоцна тој го придружуваше светиот апостол Петар, кој го постави за епископ на Кесарија Палестинска, каде што верно му послужи на Евангелието и мирно се упокои“.
На 10ти февруари 2019 година, во триесетишестата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Преподобен Ефрем Сирин,Преподобен Исаак Сирин,Преподобен Паладиј, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски во сослужение на ѓаконите Методиј Митановски и Михаил Манојлов, отслужи Божествена Литургија.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Од Евангелието:
Потоа, влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. И ете, некој човек по име Закхеј, кој беше началник на митарите, и беше богат, сакаше да Го види Исуса, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок.
Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине.
„Еве еден вечно жив и актуелен евангелски пример како човек, иако имајќи само почетна и несовршена вера, од преголема желба и копнеж да Го види Господ или да провери дали е Он, може многу лесно да се откаже од својата човечка слава, па дури иако знае дека ќе изгледа споулавен и смешен во очите на целата јавност. Колкумина од нас се навистина спремни да се откажат од своето славољубие, од својата лажна слава, и колкумина од нас се спремни да изгледаат бедно и да служат за потсмев заради Господ и заради можната средбата со Него; макар и оддалеку, макар не знаејќи или само надевајќи се дека потоа ќе треба и во својот дом да Го примат.“
Поголем непријател и од сатаната е злобата поврзана со гордост. Ним не им е достатно што ги расипуваат добордетелите и ги прават неупотребливи, туку го заморуваат и телото, а ја опеколуваат и душата. Како што една дупка во конзерва предизвикува таа да се расипе бидејќи навлегува воздух, така и само една горда помисла, ако помине во нашата глава тогаш главата се полни со високомислие, та добродетелите стануваат неупотребливи. Старец Паисиј Светогорец
Преминпортал (к.т.)
Друго: