логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

"Да дојдеме и ние со песни божествени, да Го пресретнеме Христа и да Го примиме Оној, чие што спасение го виде Симеон! Ова e Оној што Давид Го предвести! Ова е Оној што говореше преку пророците, Кој заради нас се воплоти и преку Законот ни говори. Нему да Му се поклониме.“

    (Стихира на Господи повикав)

 

Денес славиме една чудесна средба – праведниот и благочестив старец Симеон Го среќава својот Бог. Оној што ја очекуваше утехата Израилева се израдува, држејќи Го во своите старечки раце ветениот Месија. И навистина, според ветувањето, не виде смрт додека со свои очи не Го виде Живиот Бог – Христа Господа. Токму тоа ни го сведочи овој празник – дека човекот е  предназначен за оваа средба со Бога, и среќавајќи Го, засекогаш ја победува смртта. Сите ние треба со надеж да ја очекуваме оваа средба. Зашто смислата на човечкиот живот е да Го сретнеме Христа уште овде на земјата. Доколку не Го сретнеме овде, нема да Го сретнеме ни во вечноста. Но, за таа средба треба достојно да се подготвиме, бидејќи Бог не ја дава како што ние сакаме, туку како што Он ќе благоволи. Светиот Симеон трпеливо го очекувал тоа благословено време, живеејќи праведно и трудејќи се во добродетелта кон луѓето, и во подвигот пред Бога. И Господ го удостоил со таа долгоочекувана радост. А колку поголем е Божјиот благослов на нас, денешните Негови верни чеда, оти нам ни е дадено на секоја божествена Литургија да Го среќаваме Бога, примајќи ги Неговите Крв и Тело, и насладувајќи се од Неговата неискажлива благодат, зашто спасението веќе не е нешто далечно, туку е внатре во нас.



Пловејќи по духовните длабочини на оваа голема и спасителна тајна, нашиот возљубен Старец, архимандрит Партениј ги сподели со своите присутни чеда созерцавањата за тоа колку возвишено и значајно нешто е средбата со Христа преку светата Причест:
Вистинската среќа – средба со Христа

 



Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за празникот Сретение Господово, изговорено во манастирската трпезарија

 
Возљубени мои, денешниот радосен, а истовремено и мошне возвишен празник на Сретението Господово, ни претставува, помеѓу другото, и една таинствена личност, една загадочна фигура, чијашто појава предизвикува во нас чувство на восхит. Светиот Симеон Богопримец.


Според црковната историја, праведниот Симеон бил еден од т.н. Седумдесетмина преведувачи, на кои, египетскиот монарх Птолемај II Филаделф (283-246 пр. Хр.), љубител на пишаното слово, им ја возложил задачата да го преведат Светото Писмо на Стариот Завет од старохебрејски на старогрчки јазик. На Симеон му се паднало да ja преведува книгата на светиот пророк Исаија. Меѓутоа, кога дошол до она пророштво во кое се вели дека ќе дојде време кога Девојка ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, Симеон западнал во недоумица. Не можел да сфати како тоа девојка, девица, без маж, ќе роди син и си помислил дека станува збор за некаква грешка, настаната можеби во препишувањето, па се одлучил да го смени тој збор и наместо него да напише жена. Но, тогаш му се јавил Ангел Господов и строго му заповедал да го остави зборот Девица, објаснувајќи му дека напишаното не е погрешно, бидејќи кога би станувало збор за жена, тоа и не би било некакво пророштво, а само последователен факт. И му возвестил, исто така, дека тоа пророштво во свое време ќе се исполни и дека тој нема да види смрт додека со свои очи не го види неговото исполнение. Како еден вид благословена „казна“, Симеон добил небесно известие дека нема да си замине од овој свет, сѐ додека не се сретне со ветениот Месија. И навистина, според зборовите на Ангелот, Свети Симеон поживеал доста долго, предолго, дури до доаѓањето на Словото Божјо на земјата.


Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон, да Го претстават пред Господа. Симеон бил удостоен не само да Го види, ами и да Го прегрне малиот Исус и исполнет со духовен восторг, да ги искаже оние вдахновени зборови: Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико, според зборот Твој, зашто очите мои го видоа спасението Твое што си го приготвил пред лицето на сите народи; светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израилот (Лука 2,29-32). Впрочем, Црквата одредила оваа Симеонова воздишка на неземна радост и прослава на предвечниот Бог да се чита на секоја вечерна богослужба.


Денес Бог благоволи и ми даде сили да отслужам Света Литургија, иако уште од вчера бев во недоумение дали да служам или не, бидејќи се чувствував многу заморен, истоштен. Но и бев западнат во некаква немарност, па размислував за тоа како недоволно се посветувам на моите духовни задолженија. Меѓутоа, созерцувајќи малку за величието и длабочината на празникот, се помолив во себе: „Господи, Ти слезе и го пресретна човештвото, тогаш кога тоа беше најмногу потонато во грев. Кога потполно Те беше заборавило. Сепак, Ти не се згнаси од нас, стана дури и како еден од нас, ја прими нашата природа, го дозволи Твоето телесно обрезание, а денес благоволи да бидеш одведен во храмот. Ти, Кој си Бог по природа, сопрестолен и совечен на Бога Отецот, Ти дозволи да бидеш претставен во Твојот храм. Каква потреба од тоа? Но, Ти, Кој си законодавец на Законот, во Твоето несфатливо, крајно смирение, си и Негов исполнител. Ти ни даде пример на совршено послушание. Ти, семоќниот Бог наш, беше држен како Дете во прегратките на Твојот слуга Симеон…“ Размислувајќи вака, се запрашав: не го гледаме ли ние, во ликот на Симеон Богопримецот, целото човештво кое Го прегрна Господа, или поточно кажано, се удостои да биде прегрнато од Него? Господ нѐ прегрна нас, бедните и грешни луѓе, отстапници од Неговата љубов. Нѐ прегрнува и денес, секогаш кога ќе го посакаме тоа.


Во словенските јазици зборот среќа произлегува од глаголот „среќавам“. Среќата е всушност една средба. Колку радосен е човек кога ќе се сретне со личноста што ја љуби! Мислам дека сите сме го почувствувале тоа. Едноставно, неопислива е радоста што нѐ исполнува кога ќе се видиме со некого по кого постојано копнееме, го љубиме, го мислиме, па и затоа секоја средба со него ни е толку убава, среќна. Колку, пак, поубава, и порадосна, и посреќна е средбата со Христа, по Кого најсилно и ненаситно копнее нашата душа! Без никаков сомнеж, таа средба е најубава и во нејзината светлина, сите други средби помеѓу луѓето ја добиваат својата смисла, својата убавина. Само во таа средба, луѓето можат да ја достигнат вистинската среќа. А ете ние, Христијаните, сме удостоени на секоја Божествена Литургија да се среќаваме со Бога. Денес, сите ние што сме собрани овде повторно бевме удостоени со таа средба и духовно веселие.


Во мислите ми доаѓаат стиховите од канонот што го пеевме денес, каде се спомнува видението на пророк Исаија. Имено, во Стариот Завет е опишано како пророкот Исаија во едно необично видение Го видел Господа, седнат на престол висок и издигнат, опкружен со небесно воинство. Во еден миг, еден ангел зел со клешта вжарен јаглен од жртвеникот и му пристапил на Исаија, се допрел со јагленот до неговите усни и му рекол: Ете, тоа се допре до устата твоја – и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очисти (Иса. 6,6). Оваа старозаветна слика е символика за Светата Причест, таинствената клешта – праслика за Пресвета Богородица. Колку и да сме грешни, какви и да сме, кога Господ, преку причестувањето со Неговото Божествено тело, се допира до нас, ние се очистуваме. Тоа толку силно го почувствував денес, иако сум најнедостоен. Можеби и воопшто не би требало да зборувам за ова сега, но сакав да го споделам со вас за да знаете колку големо, колку возвишено нешто е светата Причест. Нема поголемо лекарство од неа – лек за бесмртност.


Знаејќи го ова, никогаш да не се одделуваме од Христа, туку да Го среќаваме во нашите срца, зашто Тој сака да се всели во нив, таму нѐ повикува на средба. Колку и да сме грешни, макар и да сме паднати во крајни прегрешенија, да не си дозволиме да Го заборавиме Бога, или пак да се откажеме од средбата со Него. Затоа што кога и да посакаме, Он милостиво ќе нѐ прегрне, како што го прегна и праведниот Симеон. Не Ме држи Мене старецот, но Јас го држам него; зашто тој од Мене отпуст бара – чувме денес од прекрасниот празничен канон. На секоја Литургија ни се дава таа можност: да се среќаваме со Бога. Во Стариот Завет само исклучителни луѓе имале таква привилегија. Симеон веќе бил заморен од животот на исчекување и затоа со толкава радост Го примил Христа и воскликнал: Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико… Знаел тој, благословениот, дека после оваа Божествена средба ќе заспие со смртен сон, за потоа, по Воскресението Христово, да биде вечно со Него, со Кнезот на мирот. Оти во Стариот Завет, до доаѓањето на Синот Божји, претставата за воскресението и вечниот живот воопшто не била јасна, ами магловита, несигурна, страшна. Всушност, постоело и големо сомнение за тоа дали воопшто има воскресение. А ете, нам, после Христовото сеславно Воскресение и победата над смртта и адот, на секоја Литургија ни се дава можност не само да се среќаваме со Христа туку и суштински да се соединуваме со Него.


Ползувајте ја, ве молам, мили мои, оваа огромна Божја милост! Правете сѐ за да ја почувствувате радоста на соединувањето со Христа, трудете се околу тоа. Господ не бара многу труд од наша страна, туку и на нашите мали трудови многу се радува, зашто премногу нѐ љуби. Пример за тоа наоѓаме во Евангелието што се читаше изминатава недела, се сеќавате, за Закхеј митникот. Тој само посакал, пристапил со силна желба да Го види Господа, а Он му даде многу повеќе од тоа – го повика од дрвото, влезе во неговиот дом како спасение и целосно го преобрази. Па така, ако не друго, имајте барем желба да се соединувате со Господа. Дури и кога не сме соодветно подготвени за да пристапиме кон светата Причест, за сето времетраење на Литургијата, да созерцуваме за тоа што се случува, да внимаваме на тие свети мигови, особено на канонот на Евхаристија, за потоа, кога ќе имаме благослов од духовникот да се причестиме, да можеме слободно да се сретнеме и соединиме со Христа. Но, и тогаш кога не можеме да се причестиме, сепак благодатно ќе ја почувствуваме таа Божествена енергија која произлегува од телото и крвта Христови и која сите нѐ осветува. Затоа многу луѓе, иако непричестени, излегуваат од Литургија озарени од благодатта Божја. Во молитвата пред вознесувањето на Агнецот, свештеникот се моли со следниве зборови: „…и удостој нѐ, со Твојата моќна рака да ни го предадеш Твоето пречисто тело и Твојата чесна крв, а преку нас и на сите луѓе“. Во духовна смисла ова значи дека Христос ни се предава и тогаш кога не сме достојни, како што впрочем, во вистинска смисла на зборот, и никогаш не сме. Но Бог, бидејќи премногу нѐ љуби и сака да живее во нас, ги согорува нашите прегрешенија, ги очистува нашите беззаконија, ја поправа нашата недостојност и си гради дом во нашето срце, коешто Му е највозљубено место за пребивање.


Завршувајќи, би сакал да ве замолам за ништо да не очајувате, туку да Го барате Христа, настојчиво да барате средба со Него во своите срца. Да ги упатиме своите молитви кон Него за Он да нѐ сочува од најстрашниот грев на очајанието и маловерието и секогаш да ни доаѓа во пресрет како што му дошол на Богоносецот Симеон. Амин.

 

 

 

 

(Повеќе)

Извор:Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная