логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 


Во спомен на пристигнувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“, и оваа година беше одржана свечена литија во Струмица. Пред две години, во втората недела од Великиот пост, посветена на свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

Во сабота, 23 март 2019 година, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ беше отслужена воскресна Вечерна богослужба, а потоа со свечена литија иконата на Мајката Божја „Брзопослушничка“ беше однесена во црквата „Св. Григориј Палама и св. вмч. Димитриј“, каде беше отслужен Молебен канон, а иконата беше оставена за поклонение на верниот народ.

Следниот ден, 24 март 2019 година, во црквата „Св. Григориј Палама и св. вмч. Димитриј“, по архиерејската Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот епископ Стобиски г. Јаков, започна свечената литија со иконата, по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. На плоштадот се одржа молитвословие (доксологија), проследено со кратко поздравно слово, по што литијата продолжи по старата чаршија до манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, каде што беше подготвена трпеза на љубовта за сите присутни.



Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков на верниот народ му се обрати со следното слово:

„Слава Му на Отецот, и Синот, и Светиот Дух – Триипостасниот наш Бог, Кој нѐ собра сите нас во овој славен ден на Воскресението Христово, а по мoлитвите на Онаа што Го роди Христос, нашиот Спасител, и исто така, нѐ удостои меѓу нас да биде Нејзината чудотворна икона – иконата на Неговата Пречиста Мајка.

Знаеме дека за секој дар што од Бог го добиваме, го добиваме од Неа и преку Неа, и поради Нејзините молитви, бидејќи самите со ништо не сме го заслужиле. Сѐ што имаме добро во нашиот живот, во нашиот град, во нашата епархија, во нашата држава, е поради молитвите на Пресвета Богородица. И, убаво е да се види како народот Божји оди по својата Пречиста Владичица, оти тоа е образот што го иконизира оваа литија. Таа почнува од храмот, извира од Светата Литургија, а нејзиниот крај е во вечноста, во Царството Божјо. Оти, тоа е крајот на животниот пат на сите оние што Ја следат и одат по Богородица, и Ѝ се молат. Богородица оди пред нив и е секогаш со нив. Затоа, на сите нас, кои сме Христови, во Црквата, ова треба да ни биде едногласна молитва – сите што не се дел од оваа литија, да станат; сите што не тргнале и не одат по тесниот пат кон Царството Божјо, по молитвите Нејзини и по милоста Нејзина, да станат дел од таа литија, која е упатена во еден правец – кон вечноста, кон Царството Божјо; да влезат и да најдат покој и мир во прегратките на Отецот Небесен. Таа е главната Виновничка за нашето спасение.

Затоа најпрво Ѝ благодарам, во ваше име, за тоа што, по Својата голема милост, ги испрати браќата – архиереи да присуствуваат и со тоа да направат нашата радост да биде полна. Ѝ благодарам што наместо друг одговор да му даде на архангелот Гаврил, рече: „Нека ми биде според зборовите твои; еве ја слугинката Господова!“ (види: Лука 1, 38). Токму поради тие зборови се удостоивме да станеме браќа Христови, а преку Христос се удостоивме да станеме синови на Отецот Небесен. Ѝ благодарам што со чудата кои ги точи секојдневно преку Својата света икона покажува дека е непрестајно со нас и меѓу нас. Ѝ благодарам што нѐ трпи и непрестајно се моли за нас пред Својот Син и Бог. Ѝ благодарам што не заборави на Својот удел – Света Гора и Македонија.

Таа е нашата Заштитничка, покрај светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици и великиот отец на Црквата, Свети Григориј Палама, чиј спомен денес го чествуваме. Ние сме немоќни да кажеме што било убаво, чесно и свето за Пресвета Богородица, но слушнете го овој велик отец на Црквата што вели: ’Погледнете Ја Онаа што ја премина бездната што ние никогаш не можевме да ја преминеме. Погледнете Ја Онаа што стана мост и помирување помеѓу Создателот и созданието. Таа е наша врата во Царството Небесно, и кон сѐ што е добро. Таа е единствената наша надеж‘.

Затоа, никогаш да не престанеме да Ја следиме и секогаш да бидеме дел од оваа литија, која секогаш ќе чекори и ќе оди по Пресвета Богородица. Но, и со својот живот да посведочиме дека живееме во согласност со Евангелието на Нејзиниот Син. Единствено така ќе се покажеме како Нејзини достојни чеда. Сите ние што чекориме по тој пат со нашите мали, несигурни чекори, Таа да ги зацврсти, да ги направи силни, а оние што сѐ уште не зачекориле – да зачекорат и никој во овој свет да не остане надвор од закрилата на Пресвета Богородица. Само таквата молитва, само таквиот крик ќе нѐ направи да бидеме чеда на Пресвета Богородица.

Да излеземе и да бегаме од себичните молитви што ги принесуваме за себе самите. Имаме одговорност за сѐ околу нас и за секој еден покрај нас, дури и за непријателите. Ако нашата молитва не го опфати целиот свет, не сме Христови и не сме деца на Пресвета Богородица. Исто така, да освестиме дека тоа е поентата и на тоа да се научиме од секоја литија, која станува традиција во нашиот град и во нашата света епархија. Ја користам оваа можност и да ви го пренесам благословот и поздравот од светиот Владика наш, Митрополитот Струмички г. Наум. По неговите молитви, по молитвите на Пресвета Богородица и по молитвите на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, на свети Теофил Исповедник Струмички и на светиот отец наш Григориј Палама, и на сите Светии, Господи Исусе Христе, биди милостив кон нас, грешните, и помилуј нѐ! Бог да ве благослови! Амин.“

 

 

 

 

 

 

 

 Извор: МПЦ-ОА

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная