На денот кога Црквата Божја гo празнува Преподобен Симеон Столпник Дивногорец, во Соборниот храм св.Климент Охридски во Скопје се отслужи последната, 40-та Литургија од четириесетдневниот циклус на служење на Литургии за упокоени.
Преданието и искуството на Црквата не учат дека овие 40 литургии кои започнуваат да се служат секојдневно од денот на упокојувањето, се од непроценливо значење и корист за душата на упокоениот, на неговиот пат кон вечното пребивалиште.
“ Ние кои херувимите таинствено ги изобразуваме,
и на Животворната Троица Трисвета песна и пееме,
секоја животна грижа сега да одложиме“.
“ За да го примиме Царот на сите,
невидливо носен на престол од ангелските сили,
Алилуја, Алилуја, Алилуја.“
“Тело Христово примете, Изворот на животот вкусете Го;Вкусете и видете колку е благ Господ...“