Скопје, 5ти април лето Господо 2019 - храм на св. пророк Илија, н. Аеродром
Не го одвраќај Лицето Свое од слугата Твој, зашто сум во неволја, брзо услиши ме, слушни ја душата моја и избави ја. Нека ми помогне, Боже, Твоето спасение. Нека видат бедните и нека се развеселат. Барај Го Бога и душата твоја ќе живее.
Вечерна, четврта седмица од постот
Во четвртата недела од Великиот Пост, на 5ти април 2019 година, во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, протоереј Зоран Стаменковиќ во сослужение на свештенството од храмот, Мало повечерие заедно со читање на четвртата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица.
Како кандило светлоносно кое што на помрачените им се јави, Светата Дева ја гледаме: зашто оган невештествен палејќи, сите во мудрост Божествена ги води, со блесок умот го просветува и честена е со восклици вакви: Радувај се!
Од Акатистот на Пресвета Богородица
Подготви: А.Т.Р.
5ти април 2019 лето Господово
„Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“
Друго: |