логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ -
ХРИСТОС ВОСКРЕСE!

 


Бог толку го возљуби светот,
што Го даде Својот Единороден Син,
та секој што верува во Него да не погине,
но да има живот вечен1.

Возљубени празникољупци,
Сè што било проречено за Спасителот Господ Исус Христос од старозаветните праведници2 – се исполнило: и доаѓањето, и раѓањето, и служењето, и судењето и распнувањето... Се исполнило и сето она што Самиот Спасител им го говорел на Своите ученици за настаните што ќе се случат со Него3... Го навестил и Своето воскресение, кога рекол: урнете го овој храм и за три дни ќе го подигнам4. И навистина: по лажните обвиненија, по неправедната пресуда и по распетието на Голгота5, Синот Божји бил погребан и на третиот ден – воскреснал. По тој настан, стравот кај учениците се претворил во голема радост, која веќе никој не можел да им ја одземе6, зашто – Христос бил нивната радост7. Ете, тоа радување кај апостолите се пренесува преку сите христољубиви души, оттогаш до денес – и ќе трае вечно. Затоа, кој ќе ја искаже со зборови силата Господова? Преку Него, ние, од смртни – станавме бесмртни8!
Самиот Господ Исус Христос порача дека Тој живее и со Него ќе живеат сите коишто веруваат во Неговото воскресение9. Затоа, да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос10, победа која е за сите времиња. Таа Христова победа е победата над смртта, која била последица од гревот. Преку таа Христова победа, се здобивме со дарот Божји, кој е животот вечен во Христа Исуса, нашиот Господ11.

Возљубени во Господа,
Денот на Христовото Воскресение е ден за радост, и тоа радост за вечниот живот. Но, за да го разбереме и да му се радуваме на тој спасоносен ден, потребно е да живееме со настанот што ги донесе новото време и новата ера. Со доаѓањето на Христа Богочовекот се објави вистината, се промени историјата, се покажаа нови патишта, се воспоставија нови односи, дојде целосната слобода... Преку тој спасоносен настан, добија потполна смисла и значење и Христовото доаѓање на Земјата и Неговите живот и наука. Со Неговото воскресение се оправда и сета наша вера и доби смисла сиот наш живот: и привремениот – овде на Земјата, и идниот – вечниот, во Царството небесно. Со верата во Христа Спасителот, човечкиот род доби благодат да се кае, поправа и преобразува, и затоа тој настан е гаранција и за нашето спасение и за вечниот живот во заедница со Бога.
Од тоа чудо над чудата извира и нашата надеж и во сопственото воскресение, зашто ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше и нашата проповед, празна ќе беше и нашата вера12. И навистина, ако Христос не воскресна и не ја победи смртта, тогаш и нема живот! Но, Христос воскресна и со смртта смртта ја победи13, останувајќи единствен вечен извор и чувар на животот.

Возљубени во Христа Воскреснатиот,
Сè што Спасителот учеше и сè што направи е за целото човештво и за секого од нас. Тој ни порача дека небото и земјата ќе преминат, ама зборовите Негови нема да преминат14. Затоа, и ние сме повикани да земеме учество во воскресенската слава и со сите христољупци да ја споделуваме победоносната радост. Но, на таков подвиг вистински ќе се удостоиме само преку верата и добрите дела. Само животот во Црквата, во единство со Бога, може да нè направи постојано радосни и облагородени личности. Впрочем, во Црквата, но и во животот воопшто, сè зависи од љубовта кон Христа! Затоа, само оние коишто живеат според пораките на Христовата наука, ги имаат Неговата љубов и Неговиот мир. Оттаму, Воскресението Христово е празник на богооткриената вера, на верата што го победи светот15, на верата која дејствува преку љубовта16 и на надежта која спасува17. Само оние коишто достојно живеат според Светото Евангелие, ја имаат Христовата љубов и се исполнети со Неговата надеж и со секаква радост во верата18.
Еве, и по две илјади години од настанот во она рано утро, кога воскресна Спасителот, и ние денес сме соучесници во тоа неповторливо торжество над торжествата, кое ги надминува сите торжества...19. Подготвеноста на илјадници христољупци, во изминативе дваесет столетија, со своето богоугодно живеење да сведочат за живиот Господ, а многумина дури и со своите животи, е потврда за вистинитоста на Христовото воскресение. И сето она што Христовото Евангелие го направи во животот на цели народи и земји, е сведоштво за спасоносниот подвиг и за жртвата на Воскреснатиот голготски Маченик.

Возљубени чеда на Мајката охридска и македонска Црква,
За нас, Македонците, како и за сите народи, средбата со Воскреснатиот Господ е историски пресврт во севкупното живеење. По Божјата милост, нашиот копнеж по Бога стана овековечен и во Библијата20. Прифаќајќи ја вистината за Христа Воскреснатиот, станавме дел од верниот народ Божји, а со своето благочестиво богољубие си обезбедивме место во историјата, создавајќи дела на искрена вера и љубов кон Бога и кон луѓето. Оваа благодатна придобивка се потврди и преку достојните и богоугодни личности, кои израснаа од нашиот род, а најмногу преку даруваната ни Помесна Црква – Првата Јустинијана и Охридската Архиепископија – возобновени во лицето на Македонската Православна Црква. Бесценет дар Божји за нашите народ и Црква е и свети Кирил Солунски, кој со своето дело придонесе за целосно воскресение на духовен, културен и цивилизациски план, како за нашиот, така и за повеќе народи на Балканот и во Европа. Пот- сетуваме дека оваа година се навршуваат 1150 години од неговото упокоение, па, одбележувајќи ја годишнината, да посведочиме дека свети Кирил живее во нас преку своето епохално дело, кое е исполнето со вистината за Воскресението, искажана со јазик и писмо разбирливи и од Бога дарувани, и со пораката за еднаквост и мир меѓу народите.
Ова лето Господово, покрај другите настани и личности, ќе одбележиме и 650 години од живописувањето на храмот во манастирот во Зрзе, како и 200 години од раѓањето на нашиот велик иконописец Дичо Зограф, кој даде голем придонес во духовното преображение и црковната уметност меѓу нашите народ и Црква, па и пошироко.

Возљубени сорадосници,
Велигденската радост треба да нè зближува и да нè обединува сите, како чеда на нашата света Црква, и нас во Татковината, и сите вас што живеете раселени по светот. Да се радуваме секогаш во Господа! Да ѝ бидеме верни чеда на мајката – Македонската Православна Црква, и на Татковината – Македонија, живеејќи богоугодно и во мир со сите луѓе. Без разлика каде живееме, да ги чуваме националните и духовните посебности како народ, покажувајќи потребна грижа за светоста на бракот и семејството, за повозрасните, изнемоштените и сиромасите, а особено за младите и нивното воспитување во духот на верата православна и на нашите прадедовски традиции. Да ги учиме на јазикот мајчин - јазикот на светите Кирил и Методиј и на светите Климент и Наум. Конечно, да најдеме начин за меѓусебно помирување, па да простиме сè со Воскресението21. Тоа, нам, како христијански народ, ни е света должност, зашто кој не го љуби својот брат... како може да Го љуби Бога22?!

Сопрославувајќи го Христовото Воскресение со сите христијани во светот, да се радуваме и веселиме поради победата над смртта, поради верата во сеопштото воскресение и надежта во вечниот живот во Царството небесно. Да се радуваме заради Воскресението Христово и воскресението наше, поздравувајќи се со торжествениот поздрав: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

 



†СТЕФАН
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската Православна Црква
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и
администратор Австралиско – новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски
и администратор Австралиско – сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско – осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски
† ЈАКОВ, Епископ Стобиски

1     Јн 3, 16.

2     Сп. Пс 21; Ис 53.

3     Види: Мт 16, 21; 26, 32; Мк 8, 31; Лк 9, 22 и Јн 11, 25.

4     Јн 2, 19 и 22.

5     Сп. Мт 27, 33; Мк 15, 22; Јн 19, 17.

6     Сп. Јн 16, 22.

7     Сп. Јн 15, 11.

8     Свети Климент Охридски,  Собрани дела: Слова, поуки, житија, Скопје 2012, стр. 300.

9     Сп. Јн 14, 19.

10   1 Кор 15, 57.

11   Сп. Рим 6, 23.

12   Сп. 1 Кор 15, 14.

13   Од тропарот на Воскресение Христово.

14   Сп. Мт 24, 35.

15   Сп. 1 Јн 5, 4.

16   Гал 5, 6.

17   Сп. Рим 8, 24.

18   Сп. Рим 15, 13.

18   Григориј Богослов, Слова, 45 (PG 36:846c).

20   Види: Дела 16, 9; Рим 15, 26; 1 Сол 4, 10; 2 Кор 8, 1; 2 Кор 9, 2.

21   Од пасхалната стихира, на Слава.

22   Сп. 1 Јн 4, 20.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

31/01/2026 - сабота

+Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; +Свети Кирил Александриски; Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески  1 февруари/ 19 јануари  2026

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески 1 февруари/ 19 јануари 2026

Храброста твоја Марко свети исповедниче,смелост пред Бога измоли,да посведочиш дека единствена вистина, е самата Вистина подарена, на твојата душа Богољубива.Силен факел...

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари   2026

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари 2026

Делата засветлија во Православиетосо нив го замолкнавте злословието,победоносци станавте,ги обогативте сите со благочестие,и Црквата ја украсивте,

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари  2026

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари 2026

Порфирата царска ја прифати како предвесник на вистинскиот сјај,на ангелските одори во небесното царство,о Теодосие смирен слуго Божји,Духот разум ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная