Неговата Светост Патријархот Илија II, возљубениот духовник на цела Грузија, ја изврши 58-та групна крштевка во соборниот храм „Света Троица“, во Тбилиси, вчера, на празникот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, и стана кум на уште 777 деца.
„Христос воскресна! Ви честитам со празникот на свети Георгиј, ви честитам со Крштението на моите крстеници“, рече Патријархот.
Претходно, 37.901 дете беа крстени, а денес се крстија уште 777 деца“, изјави Архиепископот Шалва Кекелија. Досега Неговата Светост е кум на 38.678 деца.
Со првата групна крштевка на 19 јануари 2008 година, Патријархот Илија ја започна оваа иницијатива за да помогне да се поправи страшната демографска криза во Грузија, предизвикана од честите пост-советски абортуси.
Вакви крштевки се одржуваат четирипати годишно, а Патријархот лично ги крштева и станува кум на третото или на подоцнежните деца родени во православни семејства.
извор: http://orthochristian.com
http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=7086