Скопје,14.05.2018 год.- храм на св.Петка, н.Црниче
Денес,14.05.2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на:
На 14ти мај 2019година, во третата недела по Воскресение, во храмот на св.Петка, во скопската населба Црниче, протоереј Зоран Данев отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата се освети и прекрши празничниот колач.
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Кога некој се обидува да ги постави црковните работи на православен начин, а целта му е себеси да си благоугоди, како може таквиот да биде благословен од Бога? Ниту, пак, треба да се воодушевувате од оние што црковните проблеми ги поставуваат на многу добар начин, православно, а самите не си го знаат местото во Црквата и ја потресуваат со безрасудни крајности или лекомислености во однесувањето.
Тие две крајности секогаш ја измачуваат Мајката Црква, а и оние што се држат за нив бидуваат измачувани, бидејќи крајностите вообичаено се судираат. Тоа е како едниот крај да го држи демонизиран, кога има духовна безочност, презир кон сe, а пак, другиот како да го држи некој што е луд, со нездрава ревност и тврдоглавост. Тогаш - Бог да чува! Може двете крајности постојано да се судираат, а крајот никој да не им го најде. Оние што ќе можат да ги соединат двата краја ќе бидат овенчани од Христа со два невенливи венца."
Preminportal.com.mk
(к.т.)
Друго: