Скопје, 31ви мај 2019 лето Господово- Во храмот на св.Петка,во н.Црниче, во петтата недела по Воскресението, молитвено се прослави споменот на:Светиот маченик Теодот и седум маченички девици: Текуса, Александра, Клавдија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија
На 31ви мај 2019 година, во петтата недела по Воскресението (н. на Самарјанката), кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на светиот маченик Теодот и седум маченички девици: Текуса, Александра, Клавдија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија, jереј д-р Сашо Наков отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот од Литургијата светеникот Здравко Пејковски направи мал петочен водосвет.
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Јереј д-р Сашо Наков-ПОТЕКЛОТО, ОСНОВАЊЕТО И РАЗВИВОЈОТ НА ХРИСТИЈАНСКОТО БОГОСЛУЖЕНИЕ ...
Јереј д-р Сашо Наков - Духовден ...
Јереј д-р Сашо Наков - ЛИТУРГИЈА НА ПРЕТХОДНООСВЕТЕНИТЕ ДАРОВИ ...
Божествена Литургија во храмот на св. Петка, Скопје (31.05.2019)
- Божествена Литургија во храмот на св. Петка, Скопје (30.11.2018)
- Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (20.042018)