„На Охрид си пофалба, на Велес си украс, на мачениците слава и епископска пофалба, Варлааме, богомудар оче наш и на Христа страдалнику, се венец нетлен се овенча и во висините заблеска. Слава Му на Оној Кој ти даде крепост, слава Му на Оној Кој те овенча, слава Му на Оној Кој преку тебе точи исцеленија“ (тропар на св. Варлаам Охридски).
На 10.06.2019 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот Варлаам Архиепископ Охридски, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое се задржа на животот на светиот Варлаам, и неговиот вистински избор на правиот пат, којшто е тесен и тежок, но единствениот којшто води во Царството Небесно.
Извор: ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА