Скопје,2ри август 2019 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј. Криви Дол
Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Луѓето што се просветлени со крштение, веруваат во Бога, но има и такви кои дури и Го знаат. Да се верува во Бога е добро, но да се знае Бог е поблажено. Иако и тие што веруваат се блажени, како што му кажал Господ на Апостолот Тома, дека Ти ме виде мене и ме допре, и веруваш, но блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Да сме смирени, Господ ќе ни покажеше сe заради Својата љубов. Он ќе ни ги откриеше сите тајни, но нашата несреќа е во тоа што не сме смирени. Горди сме и славољубиви заради секоја ситница, и заради тоа се мачиме самите себеси и другите.
На 2ри август .2019 година, кога МПЦ-ОА го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици,отец Александар Најдовски во сослужение на ѓаконот Михаил Трајковски отслужи Златоустова Литургија во манастирот на св.вмч.Георгиј во месноста Криви Дол, во Скопје. На Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.