Скопје,3-ти август 2019 г- Соборен храм Св. Климент Охридски, на празникот на светиот пророк Езекил
Светиот пророк Езекил
На празникот на светиот пророк Езекил,во Соборниот храм на св. Климент Охридски, во присуство на отец Стефчо Беќарски, презвитер Игор Острески во сослужение на ѓаконот Игор Трпкоски, отслужи Заупокоена Литургија молејќи се за покој на душата на новопочинатото чедо Божјо Мартин, со надеж на Воскресение и вечен живот- „Таа душа, веќе е во другиот свет, за кого речиси ништо не знаеме, но точно знаеме, дека тој свет постои. А доколку не би било така, би се изгубила смислата на човечкиот живот. Господ да му ги прости сите волни и неволни прегрешенија, зашто нема човек, кој не направил никаков грев.“
На Литургијата вениот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби. Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш, за него сакаш да зборуваш, со него сакаш да бидеш.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Заупокоена Божествена Литургија во храмот на св. Петка, Скопје (02.03.2019)
Заупокоена Литургија, Соборен храм, Скопје (14.03.2015)