Скопје, 6ти август 2019 г.- Соборен храм Свети Климент Охридски
На 6ти август 2019 година, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, во Скопје, по Вечерната богослужба,отец Стевчо Беќарски во сослужение на свештенството на МПЦ-ОА, отслужи Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј беше отворен за поклонување од страна на верните.
Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!
Кондак 4
Гледајќи ги поздвизите со кои душата своја ја красиш, Бог од
манастирот на славниот исцелител те изведе, и кон поголеми нешта те приведе. Од Нерези, во Бањани те прати, и во ма-
настирот на славниот пророк Илија те насели. Во твоето срце
небесна љубов кон прекрасниот пророк всади, и под негова за-
крила те даде. Покриван од пламената вера на чудесниотИлија,
ти Бога Го воспеваше: Алилуја!
Икос 4
Огнено пребивајќи во молитва, го предвкуси Рајот. Со ду-
хот, ревноста на Илија ја надминуваше, и смирено пред
славниот пророк, своите молитви ги приклонуваше. Без зборо-
ви проповедаше, и со подвизите воспитуваше. Твојата ревност
на Бога Му омиле, па затоа твојата вера со оган ја испита и твоја-
та љубов пред тешки искушенија ја постави. Гледајќи на твоите
подвизи, и ние извикуваме вака:
Радувај се, на нашето време огнен пророку!
Радувај се, на Илија соподвижнику!
Радувај се, саду на Божјата благодат!
Радувај се, пребивалиште на Божјата милост!
Радувај се, на Рајот предвкусувачу!
Радувај се, неглаголив проповеднику!
Радувај се, Христов молчанику!
Радувај се, Божји избранику!
Радувај се, со покајно крштение се удостои!
Радувај се, низ солзите до небото се искачи!
Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!
Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Да се знае Бог, и колку Он нe љуби и на кој начин духовно нe воспитува? Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот заради престапите на своите деца? Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: “Ти постапи лошо, и за своите лоши дела праведно си казнет”. Господ, пак, никогаш нема да ни каже такво нешто. Он и нам ќе ни каже како на Апостолот Петар: “Ме љубиш ли?” Така и во рајот ќе ги праша сите: “Дали ме љубите?” И сите ќе одговорат: “Да, Господи, ние Те љубиме. Ти нe спаси со Своите страдања на крстот, а сега ни го подари и Небесното Царство”.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (23.10.2018)
По милоста Божја и со содејство на
Предвечната и Единосуштна Троица,
овој акатист се состави и заврши на 27 јули 2017
во денот на светиот Сампсон Странопримец,
во најсветиот град Охрид.
http://preminportal.com.mk/pdf/Akatist_na_prepodoben_Joanikij_Raotinski.pdf
Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (03.10.2017)
Акатист на преподобниот отец наш Јоаникиј Ракотински (.PDF)
Издава:Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА
Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (22.05.2018) ...
Друго:
Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан, во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје, секој вторник по Вечерната богослужба, која започнува во 17:00 ч., ќе се чита Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј ќе биде отворен за поклонување од страна на верните.
Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!
Со љубов во Христа,
Скопска православна епархија
ПреминПортал (A.T.Р.)