Македонската Православна Црква
– FLORIDA
За прв пат православните македонци при Македонската Православна Црква “Св.Јован Крстител“ од New Port Richey – Florida, го отпразнуваа со свечена Литургија, еден од големите празници на светителот ИВАНДЕН (раѓањето на св.Јован Крстител), кој го носи името на Црквата “Св.Јован Крстител“. Прота Митко Попоски особено значење даде во својата беседа за празникот, односно за светителот кој најповеке се слави во Православната Црква после Господ Исус Христос и Пресвета Богородица. Желбата беше нескриена од присутните да вакви средби со богослужби да се има почесто, но засега малиот број од 30-тина семејства, на македонци во ова прекрасно место во Флорида, тие сметаат дека не дозволува. Но сепак додаваат Господ е голем и Он ги исполнува желбите и потребите на секое Негово чедо кој го повикува Неговото име.
Пророку и претечо на Христовото доаѓање, ние, што со љубов Те почитуваме, не знаеме како подостојно да Те прославиме. Со Твоето славно и чесно раѓање се разреши неплодноста на родителката и безгласноста на татко ти, а на светот му се проповеда овоплотување на Синот Божји.
Известува,
Прота Митко Попоски