Свети Макариј Велики
Така, можно е да се вкуси благодатта Божја, зашто е кажано: ‘Вкусете и ќе видите колку е благ Господ’ (Псал. 33, 8). Ова вкусување е динамичната сила на Духот којашто се манифестира во целосна полнота во срцето. И затоа оние што се синови на Светлината, служители на Новиот Завет во Светиот Дух, немаат што да научат од луѓето. Тие самите се поучувани од Бог. Самата благодат ги врежува во нивните срца законите на Духот... Срцето е господар и цар на целиот телесен организам, и кога благодатта ќе го заземе подрачјето на срцето таа владее со сите негови делови и со сите негови мисли. Зашто во срцето живее умот, и сите мисли на душата, и нејзиното исчекување на идните добра. Ете затоа благодатта и ги проникнува сите делови на телото.