Скопје, 19ти август2019 г.- храм на св.Петка, н.Црниче
На 19ти август 2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
„Благи Боже, Кој со Својата светлина ја освети сета вселена, се преобрази на Гора висока, откривајќи им ја на Твоите ученици силата Твоја, бидејќи светот го избави од престапот. Затоа Ти викаме: Милосрден Господи, спаси ги душите наши“ (Литиска стихира на Вечерна на Свето Преображение на Господ Исус Христос).
На 19ти август 2019 година, во деветата недела по Педесетница, на празникот на Преображение Христово, свештеникот Владимир Белчовски во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Божествена Литургија во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче.На Литургијата,бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. „По завршувањето на Литургијата, според вековната црковна традиција, беше осветен новиот лозов плод, од кој ќе биде произведено новото вино, а кое, на чудесен начин, како и самиот настан на светото Преображение, на светата Литургија ќе стане света Крв Христова.“
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (17.12.2018)
Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (29.06.2018)