„Отче Јоакиме, ти им го отвори патот на испосниците кон небесата благоверно, постојано издигнувајќи се со умот кон небесата, вознесувајќи се на висината, како огнен столб осветлувајќи ги облаците со благодатта“ (песна од канонот на Утрена на преп. Јоаким Осоговски).
На 29.08.2019 година, на денот кога го празнуваме празникот на Неракотворниот образ на Господ Исус Христос и на преп. Јоаким Осоговски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач.
Извор: http://www.dke.org.mk/index.php/3201-2019-08-29-09-35-10