с.Љубанци, 7ти септември 2019- манастир на св. Никола
Во единаесеттата недела по Педесетница,на денот кога МПЦ-ОА молитвено го прслави споменот на Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј , во манастирската црква на св. Никола во с.Љубанци (скопско),свештеникот Аговски Звонко отслужи Заупокоена Литургија за младенецот Софија,по милоста Божја нејзината душа да се всели со Царството небесно.На Литургијата вениот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј
За да ја зачуваме благодатта на Светиот Дух, должни сме да се држиме подалеку од секоја помисла која не Му е угодна на Бога – ни вели Старец Силуан. Ова е нашето дело. Ова е нашето духовно восовршување. Но, бидејќи станува збор за спасение во вечноста, ова восовршување никогаш не завршува. Почнуваме и повторно почнуваме, без крај!
Отецор се помоли за покој на душата на младенецот Софија, со надеж на Воскресение и вечен живот- „Таа душа, веќе е во другиот свет, за кого речиси ништо не знаеме, но точно знаеме, дека тој свет постои. А доколку не би било така, би се изгубила смислата на човечкиот живот.“
Се почна со обновата на конакот, и чека на неговата изградба.
Преминпортал (к.т.)