Скопје, 29mи септември 2019 лето Господово- манастирска црква на св.вмч.Георгиј., Криви Дол
(15 недела по Педесетница)
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 22:35-46
Свети Симеон Нов Богослов
Оној којшто многу страда во срцето свое кога го срамотат и го нажалуваат, од ова нека познае дека внатре во себе ја носи древната змија. Според тоа, ако трпи молчејќи или ако одговори со многу смирение, ќе ја расслаби и ќе ја направи немоќна онаа змија. Ако пак, одговара со горчина и ако зборува дрско, ќе ѝ овозможи да излее отров во неговото срце и миговно да ја разјаде неговата внатрешност, така што оваа змија од ден на ден станувајќи со тоа сѐ посилна, ќе ги направи свој плен доброто расположение и силата на неговата несреќна душа, и тогаш таквиот човек ќе почне да живее за гревот и наполно ќе умре за праведноста.
Преминпортал (к.т.)